Пред петнаесет години, шесте балкански земји со „ветувањето од Солун“ добија перспектива за брз пристап во ЕУ. Но, изминатата година донесе многу нови пречки на овој пат, оценува нашиот аналитичар Томас Бреј.
Реклама
2018 година беше сѐ освен успешна приказна за Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово. Иако кандидатите за ЕУ, Албанија и Македонија, беа во можност да постигна Брисел во јуни следната година, конечно да сака да започне пристапни преговори со двете мали држави, сепак каков ќе биде политичкиот баланс на моќта по изборите за Европскиот парламент и дали сѐ уште ќе има мнозинство во ЕУ за започнување на овие преговори е повеќе од неизвесно.
Од друга страна, исто така е неизвесно дали претходно навистина ќе му биде ставен крај на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција со новото државно име „Северна Македонија“. Во грчкиот парламент мнозинството за окончување на овој спор за името е уште понесигурно отколку во парламентот на Македонија. Без таков напредок, малата земја ќе продолжи да биде она што беше веќе 13 години поради блокадата на Грција: официјален кандидат за ЕУ, со замрзнат почеток на пристапните преговори.
Договор за решавање на спорот за името
Договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција беше потпишан на 17 јуни 2018. Тој би требало да му стави крај на спорот кој трае четврт век. Но, до неговото конечно спроведување има уште работа.
Договорот за решавање на спорот за името во Псарадес, на грчката страна од Преспанското Езеро, го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Горди сме затоа што избравме решение што нѐ обединува“, оцени македонскиот премиер Заев. Неговиот грчки колега Ципрас рече: „Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст“.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Роденден
Потпис на договорот стави и долгогодишниот посредник на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц. Потпишувањето се падна токму на неговиот 79-ти роденден. „На членовите на моето семејството им реков дека не сакам подароци за овој роденден, зашто двајца премиери ќе ми дадат еден голем подарок“, рече Нимиц на церемонијата во Псарадес.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Вратоврска
Кога по потпишувањето на договорот требаше да се направи семејна фотографија од настанот, македонскиот премиер Зоран Заев, веројатно не сакајќи да се разликува од Алексис Ципрас, кој е познат по тоа што не носи вратоврски, ја извади својата црвена вратоврска и му ја подари на својот грчки колега. Тоа беше поздравено со широки насмевки и громогласен аплауз од присутните.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Договорот зачинет со македонска храна и вино
Официјалната средба по потпишувањето во Псарадес се префрли на македонскиот брег на Преспанското Езеро. Двете делегации до Отешево стигнаа по воден пат, со чамци. Во Отешево се водеа билатерални разговори и имаше свечен ручек. На заедничкиот ручек присуствуваа и претставниците на Европската Унија и Обединетите Нации – Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари Ди Карло.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Протести во Скопје
Потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името предизвика протести во Македонија. Демонстрантите пред Собранието на 17.06.2018 се судрија со полицијата. Во безредијата имаше повредени и приведени лица. Според полициски наводи, има неколку повредени полицајци, како и над 25 уапсени учесници на протестите. Официјален организатор на протестите нема.
Во Грција исто така се протестира. Противниците на договорот за решавање на спорот за името во Атина за време на расправата за доверба на владата на Ципрас се судрија со полицијата пред парламентарната зграда (фото: 16.06.2018). Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја разбие толпата која се обиде да влезе во парламентарната зграда. Владата го преживеа гласањето.
Фотографија: Reuters/C. Baltas
Уште многу работа
Ставањето потпис на Конечната спогодба за решавање на спорот за името е само еден од чекорите кои следуваат во наредните месеци до конечно решение. Следува ратификација во македонското Собрание, референдум на кој македонските граѓани ќе се изјаснат за договорот, а потоа и ратификација во грчкиот парламент.
И покрај стотиците милиони финансиски инјекции и армија на дипломати и експерти, Босна и Херцеговина уште еднаш ја нуди сликата за пропадната држава. Бидејќи католичките Хрвати, со околу 15 отсто од населението, се чувствуваат обесправени од општите избори одржани во октомври, тие влегуваат во пакт со лидерот на православните Срби во земјата, Милорад Додик.
Тој сака да ја оддели српската половина на земјата со околу еден милион жители од Босна и Херцеговина, побрзо денеска отколку утре, и да ја поврзе соседната „држава мајка“ Србија. Резултатот гласи: формирањето на владата е неизвесно. Зашто против волјата на муслиманските Бошњаци, кои чинат тесно мнозинство во државата, овој пакт не може да функционира.
Во Албанија, која има репутација дека е „Колумбија на Европа“ борбата против одгледувањето на марихуана сè уште не носи никаков значаен и долготраен успех. Политичките реформи, како што е реорганизацијата на судството, исто така напредуваат со темпо на полжав. Во Црна Гора, преговорите за пристапување во ЕУ не го сменија фактот дека Мило Ѓукановиќ, кој уште еднаш беше избран за претседател во мај, спротивно на сите демократски правила останува семоќен фактор во мини-државата на јужниот брег на Јадранското Море. На крајот од краиштата, тој неприкосновено владее речиси 27 години. Во меѓувреме, тој се чувствува толку силно што, кон крајот на ноември, нареди апсење и на лидерот на опозицијата, Небојша Медојевиќ, иако тој има пратенички имунитет.
Ситуацијата е уште полоша во Косово: владата и опозицијата се блокираат едни со други во парламентот, така што постои политички ќорсокак. Најголемата мисија на ЕУ за владеење на правната држава (ЕУЛЕКС) по 10 години го фрли пешкирот по случаите на корупција во сопствените редови. Албанското мнозинско население против волјата на ЕУ започна со создавање на сопствена армија и наметна стопроцентни казнени тарифи за стоката од нејзиниот неомилен голем сосед, Србија.
Србија и Косово: 15 погледи на „внатрешниот дијалог“
Уставот на Србија вели: „Покраината Косово и Метохија е составен дел на територијата на Србија...“ Уставната рамка главно ја игнорира политичката стварност. Уличните призори зборуваат за расположението во земјата.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Српскиот „ѕид на плачот“
Српските граѓани веќе навикнаа на тоа зградата на парламентот да се порабува со лица на загинати и грабнати луѓе во „Вториот косовски бој“. Овој жичен ѕид е отстрануван повеќепати, но тој повторно се појавува како обвинување на сметка на Западот и албанските герилци.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Лицата обвинуваат
Лицата на киднапирани Срби од 1989/1999 година служат како главен аргумент за обвинувања на сметка на Северноатлантскиот Сојуз и Европската Унија.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Меѓу Косово и Крим
Моден детал со политички некоректна русофилска формула на белградската пешачка зона. Туристите од Запад радо го купуваат бизарниот сувенир.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Руска алтернатива
Борис Тадиќ во предизборната кампања во 2008 година го ифрли слоганот „И Косово и Европа“. Овој графит одговара на очекуван начин.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Таблоидите србуваат
Острите политички пароли на ѕидовите можеби станаа поретки затоа што сѐ повеќе врескаат насловите на таблоидните печатени производи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Браќата Шпанци
Шпанскиот е популарен во Белград. Не толку во училиштата за странски јазици, колку во „Немањина“ улица, во близина на Министерството за надворешни работи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Срце и аритмии
Додека еден белграѓанин се обидува да пронајде нешто корисно во отпадот, од ѕидот го бодри позната крилатица.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Кој не е со нас е против нас
Фудбалскиот сојуз на Србија попусто се бунеше против одлуката на УЕФА од мај 2016-та за прием на Косово како полноправна членка. Одлуката е конечна од почетокот на 2017-та.
Фотографија: DW/D. Dedovic
ЕУ како империја
Космет всушност е кратенка (Косово и Метохија). Во зборот „Евробска“ се сокрила придавката „робска“.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Вдахновение во премин
Плод на патриотско-поетско вдахновение на ѕидот на премин меѓу главната и една споредна улица во Лексовац.
Фотографија: DW/D. Dedovic
На КиМ со благослов
Дел од уличните призори во градовите се и повиците за обиколка на манастирите и на српските општини на Косово, со благослов на црковните власти.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Римување, некому стравување
Опомена за српската политичка елита, доколку некој случајно помислува на некаков вид признавање на косовската независност.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Урнатини кои опоменуваат
Своевиден споменик кој со својата наказност во градскиот пејсаж потсетува на бомбите кои во 1999 година ги испрати НАТО.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Албанци кои се сакаат
Актерската легенда Беким Фехиу од 2010 година (кога си го одзеде животот) не е меѓу живите белграѓани, но неговата книга и натаму е хит во излозите на белградските книжарници.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Трунка надеж
Повеќето графити на улиците сепак се тематски надвор од „внатрешниот дијалог“. Можеби најрадикалните пароли се преселени на социјалните мрежи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
15 фотографии1 | 15
Преговорите со посредство на ЕУ помеѓу Србија и Косово, кои траат со години и во голема мерка беа неуспешни, во моментов се прекинати. И конечно Србија - овде претседателот Александар Вучиќ е семоќниот човек. Тој го контролира парламентот и судството, како и полицијата и медиумите.
Зошто политиката на ЕУ на Балканот не покажува резултати
„Која е причината за досегашниот неуспех на ЕУ во Западен Балкан?“, прашува експертката Гудрун Штајнакер. Таа беше германска амбасадорка во Скопје и во Подгорица и се смета за еден од најддобрите познавачи регионот, чии јазици и ги зборува. Со тоа за првпат еден инсајдер се изјасни за дефицитите на политиката на ЕУ на Балканот. Штајнакер посебно ја критикува наводно новата стратегија на Европската комисија за Западен Балкан претставена минатиот февруари.
Во неа „има исправни анализи, но нема нови рецепти“. Покрај тоа, „малку самокритички се рекапитулира она што се случило и што требало да се случи“. Штајнакер гледа системска грешка во балканската политика на Брисел: „Козата е направена градинар“, пишува искусната дипломатка: „Истите влади со главно исти политичари кои се одговорни за опасната ситуација во регионот сега треба да ги исправат нештата.“
Водечките домашни експерти како што се американскиот економист со потекло од Белград, Бранко Милановиќ, српскиот социолог Јово Бакиќ или директорот на босанската НВО Транспарентност, Срѓан Благовчанин, во нивните исклучително прецизни анализи доаѓаат до идентични заклучоци: политичките системи на шесте балкански земји се всушност квазидемократии, во кои преку масивни изборни манипулации секогаш победува само една партија.
Недемократските и на една лидер поодредени партии преку клиентелистички систем си обезбедуваат континуирана моќ. Во центарот на политиката не се програми и идеологии, туку единствена цел е крадење и дистрибуција на украдената стока за себе и за сопствените клики на поддржувачи (клептократија).
Денес, многу западни експерти, но и домашни критичари се согласуваат дека мизеријата може да заврши само со многу посилно вклучување на општеството, медиумите и невладините организации. Зашто овие денес речиси семоќни политичари ќе сторат сѐ што е во нивна моќ за да ја одбранат својата монополска положба. Сходно на тоа, тие на ЕУ со наводни реформи ѝ „ја докажуваат“ својата добра .
Меѓутоа, најдобрите закони и прописи остануваат немоќни ако не се живеат и не се применуваат во пракса. Во реалноста всушност, се презема сѐ за да се поткопаат вистинската модернизација и секаков напредок кон ЕУ. За сите моќници во регионот, едно е јасно: ако преовладуваат нормите на ЕУ, нивната позиција е изгубена.
Томас Бреј речиси четири децении беше дописник на германската новинска агенција ДПА, последно раководеше со сите канцеларии на ДПА на Балканот. Тој со години предава на германските факултети по политички науки.