ЕУ отвори постапка против Германија
8 декември 2016Европската Комисија отвори постапка против германската влада поради сомневање за повреди на европското право. Станува збор за случајот со „разубавување“ на вредностите на издувни гасови со помош на специјален софтвер, кое го правел автомобилскиот концерн Фолксваген. ЕК е на мислење дека германските надзорни власти не го контролирале доволно концернот и поради тоа е можно да направиле прекршок на европските закони.
Истото обвинување е покренато и против Чешка, Литванија, Грција, Луксембург, Шпанија и Велика Британија. Во случајот на Германија и Велика Британија станува збор и за уште едно прекршување на законите. Обвинувањето гласи: двете земји и во своите национални истражни извештаи не ги вметнале информациите кои им биле познати.
Погодените земји имаат време од два месеца да одговорат на обвинувањата. Потоа ЕК би можела да преземе втор чекор во постапката, која на крајот може да води до тужба пред Европскиот суд.