1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Патување во ЕУ, но под неколку услови

ДТЗ /ДВ | агенции
3 мај 2021

Граѓаните од повеќе земји надвор од ЕУ наскоро ќе можат да патуваат во Унијата, но само ако исполнат одредени услови за заштита од Ковид-19.

Schiphol Coronavirus Urlaber am Flugahfen
Фотографија: Robin Utrecht/picture alliance

Европската комисија издаде препорака за проширување на списокот на земји чии граѓани можат да ја посетат Европската Унија од несуштински причини, само доколку епидемилолошката состојба со Ковид-19 во земјата се проценува како добра или ако лицата се вакцинирани.

ЕУ во моментов дозволува туристичко и несуштинско патување во 27 земји-членки на Унијата на граѓани на седум други земји. Комисијата се надева дека ќе ги намали ограничувањата за повеќе земји.

-повеќе на темата: ЕУ- самит: Вакцинирањето е најголем приоритет

„Комисијата предлага да се дозволи влез во ЕУ од несуштински причини не само за сите лица кои доаѓаат од земји со добра епидемиолошка состојба, туку и за сите луѓе кои ја примиле последната препорачана доза на авторизирана вакцина од ЕУ“, се наведува во соопштението.

Кои вакцини би биле потребни за влез во ЕУ?

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, напиша на Твитер дека е „време да се оживее [ЕУ] туристичката индустрија и прекуграничните пријателства да се обноват безбедно“.

-повеќе на темата: САД препорачаа да не се патува во С. Македонија и уште 130 други држави поради Ковид-19

Но, таа исто така рече дека секој нов предлог за патување треба да биде пропратен со „механизам за сопирање во итни случаи“, на пример, ако се појават нови мутации.

Додека предлогот сугерира првично да се бараат вакцинации одобрени од ЕУ за коронавирус, списокот на прифатени вакцини „може да се прошири на оние кои го завршиле процесот на одобрување од страна на СЗО“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Како ЕУ ќе утврди кои граѓани можат да патуваат?

Со предлогот е опфатен план „во согласност со развојот на епидемиолошката состојба во ЕУ, да се подигне прагот на нови случаи на Ковид-19, според кој ќе се утврди списокот на земји на чии граѓаните ќе им биде дозволено да патуваат“. Комисијата се надева дека системот за дигитални зелени сертификати за докажување на вакцинацијата ќе овозможи проверка на статусот на вакцинација, но дотогаш членовите треба да „прифаќаат сертификати од земји што не се членки на ЕУ, земајќи ја предвид можноста за проверка на автентичноста, валидноста и интегритетот на сертификатот и дали ги содржи сите релевантни податоци“.

Барање за заживување на туризмот

Одлуката за укинување на натамошните ограничувања за туризмот и несуштинските патувања ќе ја имаат земјите-членки. За предлогот се очекува да се дискутира утре. За време на пандемијата имаше различни нивоа на ограничувања за патување во ЕУ и меѓу некои членки на Унијата. Некои земји на ЕУ, како што се Грција и Шпанија, многу се потпираат на туризмот и видоа дека нивните економии страдаат како резултат на ограничувањето на патувањата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми