1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ плаќа, Кина гради - и заработува!

Андреа Јунг-Грим
10 април 2019

Самитот 16+1 е најавен како „најголемата економска средба во историјата на Хрватска“. Единаесет источни и југоисточни земји од ЕУ и 5 држави кои не се членки на Унијата се надеваат на големи инвестиции од Кина.

Kroatien Bau der Peljesac-Brücke
Фотографија: picture-alliance/Xinhua

Мостот „Пелешец“ преку заливот Мали Стон би требало да спојува два дела на Хрватска кои во должина од неколку километри се поделени со босанско-херцеговска територија. Овој мост би требало да биде 55 метри висок и да има должина од 2,4 километри. Би требало да чини 420 милиони евра, од кои 80% би дошле од фондови на ЕУ.

Она што е интересно е дека проектот не го доби фирма од ЕУ, туку кинеското државно претпријатие „China Road and Bridge Corporation“. Покрај ниската цена, кинеската фирма ветува и дека ќе ја заврши изградбата на мостот шест месеци побрзо отколку што се бара во тендерот.

Хрватска: Соработка со Хуавеи

Покрај овој проект, Кина се надева и на други вносни зделки. По самитот ЕУ-Кина во Брисел, кинескиот премиер Ли Кечијанг го продолжи патувањето во Хрватска, каде од 10 до 12 април се одржува осмиот самит „16+1“.

Повеќе: ЕУ го заострува тонот кон Кина

По жилавите преговори со врвот на ЕУ, тој во Хрватска има многу попријатни термини и средби. Во Загреб потпиша 10 билатерални преговори со хрватската влада, меѓу кои и изјава за намери за соработка на државниот Уред за развој на дигитално општество со Хуавеи.

Заедно со кинескиот премиер патуваат и речиси 400 кинески претприемачи и банкари, кои во Дубровник добиваат можност за средби со стотици европски претпријатија.

Повеќе: „На Европа ѝ треба одговор на кинескиот Пат на свилата“

На оваа, како што хрватските медиуми ја нарекоа, „најголема економско-политичка средба во историјата на Хрватска“, станува збор за една иницијатива започната во 2012 година, која се однесува на деловните и инвестициски односи помеѓу Кина и 16 земји од централна, источна и југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија).

Кинескиот премиер Ли Кечијанг на инвестициска турнеја (9.04.2019, Брисел)Фотографија: picture-alliance/AP Photo/O. Hoslet

Голема тема: Патот на свилата

За споменатите европски земји ова е собир од кој имаат позитивни очекувања. Меѓутоа, со оглед на тоа што меѓу нив има и 11 членки на ЕУ, на самитот во Берлин и Брисел се гледа само како на уште еден обид на Кинезите да предизвикаат поделба во ЕУ.

Повеќе: Пат на свилата: Кина има план и нема да се откаже

Еден од проектите кој во ЕУ важи за спорен, а кој ќе биде тематизиран во Хрватска, е кинеската иницијатива Пат на свилата. Овој проект, според најавите, значи инвестиции од најмалку 900 милијарди долари со кои Кина ќе гради улици, шини, гасоводи, електроцентрали, телекомуникациски мрежи, пристаништа и аеродроми на територијата од Азија до Европа и Африка.

Португалија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Грција, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија, Малта и трите балтички држави веќе имаат соодветни договори за инвестиции со Пекинг, што од страна на Брисел се гледа со скепса. Неодамна и Италија, како прва земја од најважните индустриски држави од Групата 7, се приклучи на иницијативата Пат на свилата.

Мостот „Пелешец“ важи за најголем инфраструктурен проект во ХрватскаФотографија: picture-alliance/Photoshot

Кинески работници на европски градилишта?

Освен тоа, Брисел е вознемирен и поради тоа што Кина на своите претпријатија може со државна помош да им обезбеди предност пред останатите конкуренти. Експертите објаснуваат дека Пекинг при распишувањето тендери може да дава толку поволни понуди и поради тоа што од Кина носи многу ресурси, материјални и човечки. На тој начин Кина се ослободува и од преголемото производство на челик и бетон.

Така и мостот „Пелешец“ ќе го градат главно кинески, а не хрватски работници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми