1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ подготвува нови санкции против Русија

ЖА/дпа/афп/ртре25 јули 2014

ЕУ-санкциите против Русија се наоѓаат пред нова рунда. Ако Москва до идниот вторник не ја запре соработкатата со сепаратистите во Источна Украина, Брисел може да воведе економски санкции.

Фотографија: picture alliance/Photoshot

Претставниците на 28 влади од државите на ЕУ денеска се согласија на натамошни економски санкции. Со тоа тие го следат предлогот на Европската комисија. Така, руските државни банки, кои се во државна сопственост од над 50 проценти, ќе имаат забранет пристап до ЕУ-финансиските пазари. Ќе биде запрен и идниот извоз на оружје и висока технологија, со што ќе бидат погодени и специјалните постројки за производство на нафта и гас. Но, притоа, со новите договорени казнени мерки нема да биде засегнат тековниот увоз на гас и нафта од Русија, како што истакнуваат дипломатите.

Санкциите сепак може силно да ја погодат Русија. Според наводи од ЕК, јавните руски финансикси институции само во 2013 година половината од новите акции, во висина од 15,8 милијарди евра, пласирале на европските пазари на капитал.

Со санкциите ЕУ сака да изврши притисок врз Русија за промена на однесувањето во украинската криза. Москва треба да прекине со вооружување и снабдување, како и со соработката на проруските сепаратисти во Источна Украина.

ЕК е овластена до понеделник (28.07.) да подготви конкретни мерки, но деталите допрва треба да бидат разјаснети. Државите-членки преку викендот ќе бидат во контакт, а во вторник предлогот на ЕК треба да го разгледаат и одобрат ЕУ-амбасадорите, ако Москва дотогаш не попушти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми