1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Покерот за корона милијардите одложен за јули

ЖА / дпа
19 јуни 2020

ЕУ-владите се единствени само околу тоа дека мора да има корона-фонд за економска помош поради пандемијата на коронавирус, но спорот околу деталите продолжува до јули. Канцеларката Меркел инсистира на скоро решение.

Deutschland | PK Merkel nach EU-Videogipfel
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Германската канцеларка Ангела Меркел инсистира на брзо постигнување единство во преговорите во ЕУ околу програмата за ублажување на економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус. Последиците на пандемијата се многу, многу остри, изјави таа денеска по ЕУ-самитот, кој според очекувањата не донесе значителен напредок на оваа тема.

„Не е воопшто преувеличување ако се каже дека сме соочени со најкрупниот економски предизвик во историјата на ЕУ", истакна Меркел. Соодветно на тоа, мора да се преземат мерки кои не смеат да стигнат „некогаш, туку треба да поттикнуваат доверба во економската обнова на Европа по пандемијата". Меркел сепак призна – сеуште постојат длабоки разлики меѓу 27 –те земји-членки на ЕУ. „Мостовите кои треба да ги изградиме се големи", истакна таа. Во прашањата околу кои е потребно разјаснување спаѓаат критериумите на кои базира програмата. Потребно е исто така и што побрзо потекување на парите, што опфаќа и дополнителна проверка на постапките за одобрение, како и темата конкуренција. Меркел сепак смета дека исплатата на средствата нема да започне пред 1 јануари 2021 година.

Повеќе:

Казино Ројал: Почнува покерот на ЕУ околу корона-фондот

„Make Europe great again“

Европската унија пишува историја

Следната генерација Европејци ќе плаќа за актуелната криза

Претседателката на ЕУ Урсула фон дер Лајен предложи кредитна и финансиска програма од 750 милијарди евра за совладување на од коронавирусот предизвиканата економска криза, околу која шефовите на држави или влади првпат дискутираа денеска на видео-конференција. 500 милијарди се предвидени како грантови и 250 милијарди евра во форма на кредити. Отплатата на парите ќе се врши преку заедничкиот буџет на ЕУ. Програмата се наоѓа на расправа во пакет со идниот седумгодишен буџет на ЕУ во висина од 1,1 билион евра.

Следниот обид за усогласување ќе биде преземен во јули, по почетокот на германското претседателство со ЕУ, при што веројатно ќе биде одржан самит со физичко присуство на челниците од ЕУ-државите, а не повторно како видео конференција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми