1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаГлобално

ЕУ првпат санкционираше странски хакери

Рајнхард Клебер
31 јули 2020

ЕУ првпат воведе санкции како реакција на сајбер-напади од Русија и Кина. Погодени се шест лица и три институции.

Schwarze Hand mit Russland-Fahne über Computerplatinen, Symbolfoto Cyberattacken
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Ohde

Санкциите на Европската унија се пред се’ пораки до владите во Пекинг и Москва. Има сомневања дека тие дале дозвола за сајбер-нападите, па дури и дека ги поддржале. Меѓутоа, конкретно, казнените мерки на ЕУ се адресирани на „шест лица и три институции кои се одговорни за различни сајбер-напади или кои учествувале во тие напади“, објаснуваат од Советот на ЕУ во Брисел. Санкциите, меѓу другото, се состојат од ограничување на патувањето и замрзнување на имотот.

Погодени се четворица руски агенти, кои од страна на ЕУ се осомничени за обид за сајбер-напад против Организацијата за забрана на хемиско оружје во Ден Хаг. Освен тоа, санкции има и против Главниот центар за специјални технологии на руската воена тајна служба ГРУ, како и против двајца осомничени членови на кинеската хакерска група АПТ10. Кинезите, како што се тврди, во акцијата „Cloud Hopper“ нападнале понудувачи на ИТ-услуги во цел свет.

Како причина за санкциите ЕУ ги наведува и нападите со програмите за нанесување штета WannaCry и NotPetya. Со нив се шифрирале компјутери и се барале пари за откуп. Од тие напади биле погодени и семафорите и огласните табли на железничките станици во Германија.

Сајбер-напад во Бундестагот предизвика големи штети

01:13

This browser does not support the video element.

Што се однесува до големиот хакерски напад врз Бундестагот во 2015 година, подготовките за санкции против хакерот се’ уште се во тек, јави агенцијата ДПА. Тие би требало да се донесат наредната недела. Од кругови на ЕУ се вели дека докази за тоа има доволно. Хакерот е соработник на руската воена тајна служба ГРУ, а неговото име е Димитриј Бадин. Обвинителството во Германија на 5 мај издаде потерница по него.

Повеќе: Како до побезбеден интернет?

Покрај санкциите, Советот на ЕУ испрати и политички апел: „Европската унија и земјите членки и натаму од секоја земја ќе бараат да посегне по соодветни мерки против актерите кои спроведуваат злонамерни сајбер-активности“, изјави шефот на ЕУ-дипломатијата, Жозеп Борел.

ЕУ минатата година договори правна рамка за санкции со цел да се заштити од сајбер-напади. Овој инструмент сега е употребен првпат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми