ЕУ презема конкретни чекори кон Иран
13 февруари 2007
Европската Унија од 21 фебруари ќе започне да ги спроведува санкциите на ОН за Иран воведени поради спорната атомска програма на земјата. Министрите за надворешни работи на ЕУ исто така се договорија на Техеран да му понудат можност за преговои, ако тамошните власти се откажат од програмата за збогатување на ураниум. Во неделата високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана и шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер имаа разговори со иранскиот преговарач Али Лариџани. За исходот од средбата Штајнмаер изјави:
„Добивме в печаток дека во Иран има ново расположение да им се вратат на преговорите. Сега внимателно набљудуваме дали иранска страна ќе успее да ги исполни предусловите. Ние остануваме на формулата за политика на два колосека, а тоа значи дека вратата за преговори останува отворена“.
Според ЕУ дипломатите, сега топката е кај иранските власти.