ЕУ расправа за Западен Балкан
16 јуни 2006![](https://static.dw.com/image/1528381_800.webp)
Австриската министерка за надворешни работи, Урсула Пласник, вчеравечер изјави дека чекорите на унијата преземени на почетокот на неделава во Луксембург јасно покажале оти европската перспектива за Балканот не е празно ветување, туку е нешто опипливо и вистинско. Тоа е сторено со договорот за членство на Хрватска, договорот за стабилизација со Албанија и давањето политички сигнал за Црна Гора, со кој на сите земји од унијата им е дадено зелено светло за билатерално признавање на таа земја,рече Пласник. Нејзините изјави се дадени по средбата на шефовите на дипломатии на унијата, кои синоќа се договорија и за помош за Србија со низа позитивни мерки. Предлог на еврокомесарот за проширување, Оли Рен, е Србија да подготви акционен план за постигн ување целосна соработка со Хашкиот трибунал, а ЕУ тоа да го поддржува и следи со ад-хок тело во кое би имало претставници на унијата, на високиот претставник Хавиер Солана и на Европската комисија. Рен смета дека обврската за соработка со Хаг е одговорност на Србија, но важно е и да и се помогне. Со посилната економска и трговска соработка важно е да се засилат и меѓучовечките односи, а во тој дел значајно е прашањето на визното олеснување, предочил Рен.