1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ - Русија самит

7 ноември 2003

Вчера во Рим се оддржа самитот на ЕУ и Русија. На средбата земаа учество рускиот претседател Владимир Путин, италијанскиот премиер и претседавач со ЕУ Силвио Берлускони како и претседателот на комисијата на ЕУ Романо Проди. Берлускони го бранеше Путин од сите критики кои беа поврзани со концернот за нафта Јукос или пак со однесувањето на Русија во Чеченија. Јерг Зајзелберг со поединости: Вчерашниот самит одмина хармонично и помалку здодевно. Но на конференцијата за печатот италијанскиот премиер со возбуден глас го бранеше, како што нагласи "неговиот ценет пријател Путин", при критичките прашања на новинарите. За темите аферата Јукос и Чеченија, за кои Путин беше и критикуван и во некои европски земји, Берлускони рече: " Не би требало понатаму да ги шириме овие легенди. Треба да ги погледнеме фактите, бидејќи врз основа на факти се гради коректно мислење. " Во аферата Јукос Берлускони ангажирано ги бренеше постапките на руските власти. Позадина: Критичарите на Путин сметаат дека апсењето на поранешниот менаџер на Јукос, Михаил Ходорковски е удар на политичката опозиција на Русија. Наспроти ова Берлиускони нагласи, дека тој преку италијански изври ги има информациите, и смета дека руските власти имаат основа за таквите постапки. " Точно знам дека има повреди на законите од фирмите, кои тргуваат со нафта, и не ги почитуваат внатрешните руски закони." На темата Чечемнија Берлускони се изнесе против критичките прашања за човековите орава. Претседавачот со ЕУ ја бранеше политиката на Путин во однос на Чеченија. " Во Чеченија имаше терористички активности со многу атентати, при што имаше и руски жртви. Никогаш немаше содветен оговор од Руската Федерација, која ги претрпе овие атентати. " По овој говор, Берлускони му се обрати на Путин, велејќи дека ќе земе адвокатски хоноар во висина од едно евро. На што рускиот претседател задоволно одговори. " Радо ќе платам, се исплати. За првпат имаме навистина одличен адвокат. " Предходно шефот на ЕУ комисијата Романо Проди дипломатски се изјасни во однос на аферата Јукос. Тој е задоволен од објаснувањата на Путин за време на самитот, и нагласи дека Брисел смета, дека во овој случај ќе бидат почитувани принципите на економската слобода и на правната држава. ЕУ и Русија се договорија и за преземање на заеднички конкретни мерки во борба против организираниот криминал. Двете страни потпишаа договор за потесна соработка покрај другото и во борбата против трговијата со дрога и луѓе. ЕУ и влеа надеж на Русија дека за некоја година ќе престане да важи сегашноиот визен режим за руските граѓани. Што се однесува до потесната стопанска соработка ЕУ и Русија договорија важен термин: кон крајот на наредната година Русија треба да стане член на Светеката трговска организација.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми