1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ- самит: Зелено светло за „Зелениот договор“ – без Полска

Кристоф Хаселбах
13 декември 2019

Шефовите на држави и влади од ЕУ ја потврдија целта за климатска неутралност до 2050 година. Полска е исклучок – ќе добие подолг краен рок за имлементација.

Brüssel EU Gipfel | Ursula von der Leyen und Emmanuel Macron
Фотографија: picture-alliance/ZUMA Wire/JP Black

Лесно можеше да се претвори во непријатна ситуација за новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен – таа на светот му најави дека до 2050 година Европа сака да стане првиот континет со климатска неутралност. Тоа значи, стакленичките гасови или да се избегнуваат или да се складираат. Оваа амбициозна цел Фон дер Лајен ја спореди со стапнувањето на месечината. Но нејзе на самитот и беше потребно единство, а неколку држави пружаа отпор - особено Полска во која речиси 80% од нејзината струја доаѓа од електрани на јаглен, но и од Чешка и Полска.

Полска сака крајниот рок за сите да се пролонгира до 2070 година, додека Чешка и Унгарија побараа атомската енергија да биде официјално означена дека не е штетна, односно не продуцира штетни гасови. Очигледно дека со ова се надеваат оти со ЕУ- средства би можеле да изградат нови нуклеарни електрани. „Потребна ни е гаранција дека никој нема да ни забрани да градиме нуклеарни централи," изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш. Земји како Германија, кои ги затвораат овој тип на централи, се трн во окото.

Меркел: „нема поделба“

Но за да не се загрози иницијативата именувана како „Зелен договор“ на самитот им беше излезено во пресрет на барањата на трите земји. ЕУ останува цврсто посветена на целта за климатска неутралност до 2050 година. Но, засега Полска ќе биде изземена од овој рок. Полската влада треба до следното лето да се изјасни дали ќе учествува или не. „Ние целта ќе ја постигнеме, но според нашето темпо," соопштија ноќта од полската делегација во ЕУ. На Чешка и е потврдено правото да гради нуклеарни централи. Всушност, миксот од различни извори на електрична енергија секако си е работа на земјите членки, но сега Чешка доби и официјална поддршка од ЕУ против соседите Германија и Австрија, кои се многу критички настроени кон проширување на чешките нуклеарни централи во нивното соседство.

Меркел: може да се биде задоволен со резултатот- „во дадените околности“Фотографија: picture-alliance/AP/F. Seco

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека „не постои поделба во Европа, туку има земји членки на кои едноставно им е потребно повеќе време." Според неа, може да се биде задоволен со резултатот „во дадените околности."

На самитот се појави и барање од францускиот претседател Емануел Макрон. Увезената стока од трети земји кои помалку се грижат за заштитата на климата да бидат повисоко оданочувана, за да не им се наштети на европските компании кои работат според повисоки еколошки стандарди.

Кавга за финансирањето

Што се однесува до трошоците за транзитот во климанеутрален начин на живот, Комисијата веќе превентивно делувала. Урсула фон дер Лајен има предложено фонд од 100 милијарди евра. Но, за некои земји членки изгледа како тоа да се само празни зборови. Сега почнуваат и дебатите за следниот 7-годишен буџет од кој и треба да бидат алоцирани средствата за поддршка. Кавгата веќе почна, како за обемот на буџетот, така и за неговата намена. Конфликтот го отежнува и претстојниот Брегзит: ако Велика Британија ја напушти ЕУ на почетокот на следната година, како што изгледа по победата на Конзервативците, ќе недостига еден важен финансиер. Тогаш се поставува прашањето, дали ќе се затвори таа буџетска дупка, и ако е така, кој ќе ја надополни.

Повеќе: 

ЕУ мора да собере храброст за „зелена револуција“

Климатски промени - паника завладеа со земјата

Активисти бараат ЕУ да ја казни Македонија поради високото загадување

Европскиот парламент прогласи „вонредна состојба во однос на климата“

Јасни се спротиставените интереси во буџетот: плаќачите како Германија сакаат да го ограничат, корисниците како источноевропските земји сакаат да го прошират. А, ако многу средства се одлеат за заштита на околината, ќе недостигаат на други места, како на пример субвенциите за посиромашните региони. И тоа треба да се земе в предвид. „Не може да дозволиме бриселските бирократи трошоците за борбата против климатските промени да им ги обесат на сиромашните луѓе и земји", напаѓаше унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел кавгата ја формулираше на хумористичен начин: „Некои сакаат да плаќаат помалку, други сакаат да добијат повеќе пари, трети сакаат да пробаат нови работи. Не бев баш најдобар во математика, но мислам дека равенкава тешко се решава."

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми