1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ се отвора за целосно вакцинираните патници

БГ /АП
19 мај 2021

ЕУ денеска го направи првиот чекор кон релаксирање на ограничувањата за патувања во блокот. Договорено е да им се дозволи влез на целосно вакцинирани патници, но со вакцини одобрени од ЕУ.

Deutschland München | Coronavirus | Flughafen Franz Josef Strauss
Фотографија: picture-alliance/Sven Simon/F. Hoerman

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се согласија да ги олеснат критериумите за земјите кои се сметаат за безбедни од коронавирусот, и од кои туристите ќе можат да патуваат во зависност од тоа дали се вакцинирани и каков е статусот на заразата во одредена земја. Според сега важечките критериуми таа листа вклучува само седум држави надвор од ЕУ. Ограничувањата за патување беа воведени минатата година со цел да се спречи ширењето на пандемијата. Амбасадорите сметаат дека поголемиот дел од ограничувањата треба да се олеснат, вклучително и можноста за туристичко патување на државјани на земји надвор од ЕУ.

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд сепак не прецизираше кога ќе се отворат повторно границите, затоа што земјите-членки се уште не ги одобриле мерките.
„Советот наскоро треба да ја прошири листата на земји надвор од ЕУ со добра епидемиолошка ситуација од каде ќе биде дозволено патување“, рече Виганд. Оценката за тоа ќе произлегува од извештаите на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Предлогот предвидува да се олесни влезот за патници кои се вакцинирани со вакцина одобрена од ЕУ. Такви засега се вакцините на Фајзер, Модерна, АстраЗенека, и Џонсон и Џонсон. Но, земјите членки ќе имаат право да ја прошират листата и со вакцини одобрени од Светската здравствена организација, како руската Спутник V и кинеската Синофарм.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми