Еден месец по почетокот на корона-кризата во Европа, ЕУ мобилизира 410 милиони евра за помош на Западен Балкан. Во регионот, пак, велат дека европска помош не гледаат, а Брисел одговара дека таа „не доаѓа со фанфари“ .
Реклама
На хартија, пакетот на ЕУ за помош на Западен Балкан, како одговор на пандемијата со Ковид-19, се состои од 38 милиони евра кои се ставени веднаш на располагање на државите за набавка на медицинска опрема и за реализирање на други потреби во здравствениот систем. Тука се и 373 милиони евра краткорочна и среднорочна помош кои се наменети за прериодот „по здравствената криза“, а за цел на санирање на општествено-економските последици во шесте држави во регионот.
Парите за овој пакет се обезбедени со пренамена на постоечките средства од фондовите за предпристапна помош (ИПА) и се наменети за сите држави од регионот без разлика на кандидатскиот статус, односно за степенот на пристапување во Унијата. „Во прашање е глобална криза со која мораме сите заедно да се занимаваме и никој не смее да биде исклучен“, вели портпаролката на Комисијата Ана Писонеро за ДВ. Таа додава дека ЕУ стои до своите партнери од Западен Балкан вклучувајќи ја и Босна и Херцеговина, за која е обезбедена „широка помош“ од над 80 милиони евра. „Работејќи со Проектот за развој на ОН, финансираме проект од 2 милиони евра кој обезбедува набавка на заштитна медицинска опрема и 80 респиратори, што е за 50 отсто повеќе отколку што БиХ имаше во март“, вели Писонеро.
Таа додава дека ЕУ во БиХ започнала и дигитална кампања „Остани дома“ и „Херој на денот“ за да може, од една страна да ги поттикне граѓаните да се придржуваат на мерките за самоизолација, а од друга да ги пофали оние кои мораат да продолжат да работат во овие околности. „Во БиХ е започната и кампања за соочување со дезинформациите за коронавирусот“, наведуваат во Комисијата.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Колкав е „видокругот“ меѓу ЕУ и Западен Балкан?
ЕУ од почетокот на ширењето на заразата беше критикувана, како од земјите од регионот, така и од самите земји членки, дека е „парализирана“ кога станува збор за помош, координација, солидарност. Во институциите на ЕУ може да се слушне оценка дека уште на почетокот на „недоживеаната криза“ имаше „проблеми“, но оти Унијата полека ги „фаќа конците“.
Општа оценка е дека во моментот кога земјите членки реагираа по принципот „спасувај се кој може“, Западен Балкан едноставно „излезе од видокругот“ на Унијата. А тој момент беше доволен оние кои веќе со децении се движат кон ветената иднина во ЕУ да се почувствуваат предадени и напуштени во неволја. Брисел по неколку недели средувајќи ја сопствената состојба конечно го „виде“ Западен Балкан и му понуди пари и вклучување во некои заеднички иницијативи и фондови како одговор на пандемијата. И додека истите милиони се бројат веќе со денови во соопштенијата на ЕУ, граѓаните од регионот го „бројат“ тоа што тие го гледаат, а тоа се респиратори, маски и лекари кои пристигнуваат како помош од други земји првенствено од Кина. Затоа не е ни чудо кога во Србија по слетувањето на двата авиона со 130 тони, нешто купена нешто донирана, медицинска опрема од Кина и од Индија, едноставно не се забележа дека сметката за тој транспорт ја плати ЕУ. „Европската Унија плати 2 милиони евра за покривање на транспортните трошоци за 5 авиона кои доставуваат во Србија медицинска опрема. Два веќе слетаа, три се очекуваат во наредните денови“, велат во Комисијата. Тие додаваат дека покрај наведените 2 милиони евра за транспорт, ЕУ „пуштила“ и 4,9 милиони евра за набавка на медицинска опрема за ранливата група граѓани во Србија, а оти во тек се процедурите кои ќе обезбедат реализација на преостанатите пари од предвидените 15 милиони евра моментална помош од ЕУ за Србија за ситуацијата со пандемијата.
Коронавирус: Кои залихи ви се потребни во кризни ситуации
Кризата со коронавирусот доведе до прогласување вонредни состојби во многу земји. Неретки се случаите на панично купување во супермаркетите. Дознајте што ви е потребно во домот во вакви ситуации, и избегнете паника.
Фотографија: Reuters/V. West
Подгответе се за криза
Германската влада во 2016 година изработи нов план за цивилна заштита со листа на неопходни производи кои во меѓувреме се ажурирани. Германците добија препорака да направат залихи на храна за 10 дена и питка вода за пет дена. Идејата е луѓето да имаат се што им е потребно, вклучително готовина и лекови, за да ја надминат кризната состојба.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Доволно течности
Листата со препораки опфаќа и список на залихи за период од 14 дена. Најважната работа на листата е водата- 28 литри по човек за период од 14 дена, или два литри дневно. Луѓето можат да преживеат неколку недели без храна, но без течности само четири дена.
Фотографија: picture alliance/KEYSTONE
Потребни залихи
Германското министерство нуди и онлајн „калкулатор“ со кој можете да пресметате каква храна да имате во резерва. Се препорачуваат 4,9 килограми ориз, леб и тестенини по човек за две недели. Потоа, 5,6 килограми зеленчук по човек, по 3,7 килограми млечни производи, овошје и јатки, и 2 килограми риба и месо. Водете сметка храната да трае и без ладење. По избор, снабдете се и со масло, шекер и сол.
Фотографија: Markus Mainka - Fotolia
Хигиената е витална
Иако храната и водата се клучни во вакви ситуации, хигиената е исто толку важна за превенција од болести. Имајте на располагање доволно сапун, детергент, паста за заби, влажни марамчиња, кеси за смет и тоалетна хартија.
Фотографија: picture-alliance/Eibner-Pressefoto
Лекови
Се препорачува да имате снабдено медицинско шкафче доколку се случи да не бидете во состојба да отидете до аптека или болница. Меѓудругото, тоа предвидува комплет за прва помош, неопходни лекови на рецепт, лекови за настинка, против болка, анти-диареа лекови и електролити, како и термометар и средство за дезинфекција.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel
Доколку снема струја
Не е честа појава, но може да се случи да снема струја на неколку часа или на подолго. Тоа значи дека ќе нема светлина, мобилни телефони и греење. За да се подготвите за таква евентуалност, чувајте во резерва батериска светилка и свеќи, како и кибрит или запалка.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Y. Badawi
Торба за итни ситуации
Создавањето залихи претпоставува дека мора да останете во домот, но некоја кризна ситуација може да ве натера и итно да заминете. Затоа е мудро да се има подготвена патна торба. Германската влада советува во неа да сместите: комплет за прва помош, храна за два дена, најважни лични документи, шише вода, вреќа за спиење, неопходна гардероба и дел од нештата кои беа наведени во претходната листа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Kjer
7 фотографии1 | 7
Кога станува збор за остатокот од регионот, во Брисел наведуваат дека Црна Гора од ЕУ добила вкупно 53 милиони евра од кои сега се поделени на 600 пакети „итна помош“ за најзагрозените 400 семејства од ромската и египќанска популација.
За С. Македонија, Албанија и за Косово, ЕУ „мобилизирала“ двапати по 4 милиони евра и за Косово 5 милиони евра моментална помош од ЕУ од кои, по еден месец од почетокот на епидемијата се финансирани само кампањи на социјалните мрежи и на ТВ наменети за информирање на граѓаните за заштита од коронавирусот и како да се однесуваат за време на кризната ситуација. Многумина со право ќе се прашаат: дали навистина тоа е најпотребно за земјите во овој момент?
Дали научивме нешто?
Во ситуација на глобална здравствена криза и на пандемија која во Европа дури сега треба да го достигне својот врв по бројот на заразени и починати, броењето пари не е најважно, ниту најпримерно. Она што е важно во оваа ситуација е чувството и ефектот на солидарност и заедништво. „Солидарноста не може да биде само збор кој не подразбира и обврска“, вели шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел и додава: „ЕУ не ги заборава граѓаните на Западен Балкан. Време е да бидеме сериозни во соработката и во солидарноста“, заклучува Борел.
Како дел од „соработката и солидарноста“ со Западен Балкан, ЕУ им овозможи на земјите од регионот да бидат дел од заедничките набавки на медицинска опрема, да ги користат средствата на Фондот за солидарност и на Механизмот за цивилна заштита. Сепак, оваа европска солидарност не може да се користи во овој момент, бидејќи медицинската опрема сè уште не е достапна на пазарот, а Фондот за солидарност е наменет за покривање на „докажаната штета“ откако ќе помине актуелната криза.
Упатства: Како да се заштитите од коронавирус
Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција. Сепак, други мерки се поефикасни. Еве неколку совети засновани на упатствата на СЗО.
Фотографија: Getty Images/X. Chu
Подобро од ништо
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Фотографија: Getty Images/Stringer
Дезинфицирајте ги рацете
Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick
И сапун и вода ќе завршат работа
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете...
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Кашлање и кивање - но направете го тоа правилно!
Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson
Стојте подалеку!
Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Фотографија: picture alliance/empics
Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
Фотографија: Reuters/P. Mikheyev
Избегнувајте контакт!
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Фотографија: DW
Добро термички обработено - не сурово!
Варете,печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.
Фотографија: picture-alliance/Ch. Mohr
8 фотографии1 | 8
И додека едни го критикуваат Брисел, бидејќи економските мерки што ги носи „не одат подалеку од пренасочување на постојните фондови и давање на земјите членки одврзани раце да располагаат со своите буџети“, други предупредуваат од целосен недостаток на европска солидарност, па дури предвидуваат и „смрт на ЕУ“ како последица на тоа. Европската комисија одговара дека „ЕУ преживеала многу други кризи и ќе ја преживее и оваа“. Официјалните претставници на ЕУ потенцираат дека истото треба да важи и за Западен Балкан и нејзините односи со ЕУ.
„Мора да работиме заедно затоа што никој не може сам да се справи со сегашната состојба“, предупредува високиот претставник на ЕУ, Борел.
Извесно е дека регионот и Европската унија заедно ќе ја надминат оваа криза, но и оти ќе ја дочекаат и следната. Неизвесно е дали тогаш ќе бидеме подобри едни кон други или барем поискусни и поподготвени.