1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ со нови санкции против Иран

17 јуни 2010

Нови, дополнителни санкции кон Иран поради нуклеарната програма и излез од економската и финансиска криза која ја зафати ЕУ. Ова се клучните теми на кои денеска во Брисел расправаат лидерите на земјите-членки на ЕУ.

Belgien EU Gipfel Juni 2010
Фотографија: AP

Лидерите денеска се согласија и да започнат пристапни преговори со Исланд, а го прифатија и влезот на Естонија во еврозоната.

Попладнево експресно беа договорени дополнителните санкции кон Иран, една недела по санкциите кои ги усвои Советот за безбедност на ОН и откако вчера на сличен потег се одлучија и САД. Новите мерки против Техеран предвидуваат забрана за нови инвестиции, техничка поддршка и трансфер на технологии во нафтената и гасната индустрија. ЕУ-лидерите, притоа, изразуваат „длабока загриженост поради нуклеарната програма на Иран“.

На втората клучна тема, економската криза, не се очекува така брз напредок. Идејата на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози за формирање ткн. економска влада која ќе има поголема контрола врз банките и финансиските пазари, засега не наидува на одушевеност.

Меркел апелира за единство

Ангела МеркелФотографија: AP

Меркел во пресрет на самитот апелираше до нејзините колеги од Унијата да се обединат зад планот за реорганизација на европските финансиски пазари и за поголема контрола врз банките.

„Тоа се однесува на банкарските давачки и на оданочувањето на финансиските пазари. Ќе биде многу интересно да се изедначат позициите. Германија и Франција, на пример, се залагаат за тоа - оние кои ја предизвикаа кризата да плаќаат повеќе“, рече Меркел.

Претседавачот со еврозоната, Жан Клод Јункер побара дополнително објаснување за планот на Меркел за формирање на економска влада.

„Очекувам расветлување во однос на внатрешните димензии. Тоа не значи дека јас про-форма се согласувам со терминот економска влада. Сакам да знам што стои зад него“.

Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпој ги повика денеска лидерите на земјите-членки на ЕУ да преземат мерки за да се спречи повторување на должничката криза, само еден месец откако владите на ЕУ ветија околу 750 милијарди евра за спасување на членките кои не се во состојба да ги отплаќаат своите долгови.

Автор: БГ/ЕМФ/ртре/дв

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми