1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

181111 EU Migration

19 ноември 2011

Европската комисија го претстави новиот концепт за миграцијата во ЕУ. Треба да се олеснува доселувањето на посакуваните мигранти и да се избегнува несаканата миграција.

Ein Ampelmännchen Ost Kombo rot und grün
Процесот на доселување треба да биде соодветен на потребитеФотографија: AP

Најновиот бран доселување од Северна Африка во ЕУ досега е далеку помал отколку што се очекуваше. Сепак, во ЕУ е раширен страв од милионите бегалци кои си ја бараат среќата во Европа. Многумина Европејци, особено поради актуелната економска криза, се прашуваат дали доселувањето воопшто има смисол.

Еврокомесарката за внатрешна политика Сесилија Малмстром јасно вели - чиста одбрана не е одговор: „И покрај високата невработеност во ЕУ, во блиска иднина ќе ни‘ бидат потребни повеќе мигранти поради демографскиот развој. Потребата ќе биде различна во одделните земји на ЕУ и одлуката лежи кај членките на Унијата. Ние во Комисијата се обидуваме да го олесниме процесот, да ја поттикнеме мобилноста и да го обликуваме процесот на доселување така да биде соодветен на потребите“.

Поради тоа, ЕК сака да склучи таканаречени Партнерства за мобилност, пред се‘ со државите од Северна Африка. Во процес на подготовка се вакви партнерства со Тунис и Мароко, а треба да следуваат Египет и Либија.

ЕК сака да склучи таканаречени Партнерства за мобилност, пред се‘ со државите од Северна Африка

„На некои категории лица, на пример бизнисмени, студенти или научници, побрзо ќе им бидат издавани визи, или воопшто нема да им бидат потребни визи. Треба да се олесни и мобилноста на сезонските работници кои сакаат да се вратат. Што се однесува до нерегуларната миграција, Комисијата очекува вистинска соработка со трети држави во сфери релевантни за безбедноста, како и темелна соработка во борбата против трговијата со луѓе.“

За на мигрантите да им даде опширни и реални информации, ЕК од петокот (18.11) отвори нов интернет-портал. На интернет-адресата ec.europa.eu/immigration тие можат да се информираат на англиски и француски јазик, а наскоро информациите треба да бидат достапни и на арапски и шпански јазик, вели Малмстром.

Автор: Кристоф Хаселбах / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми