ЕУ ја критикува Русија за Чеченија
1 март 2005Од денеска една европско-руска експертска група ги започнува редовните средби за човековите права договорени на последниот самит ЕУ-Русија во минатиот ноември. Најважна точка за критика за евро-комесарката за надворешна политика Бенита Фереро Валднер и натаму е рускиот настап во Чеченија. Само пред неколку дена европскиот суд за човекови права во Старзбур ги критикуваше измачувањата и самоволието на московските власти во Чеченија. Во добро пратнерство, смета Фереро Валднер, за се може отворено да се разговара, а Русија е важен партнер за Унијата:
“Верувам дека е важно да се разговара за тоа, за да се отфрлат сите форми на расизам и да се штитат активностите за одбрана на човековите права“.
Рускиот министер Сергеј Лавров во разговорите ги уфрли, според него, постојните обесправености на големите руски малцинства во балтичките земји. Лавров побара:
“Да се забрза добивањето државјанство, дозвола за оние што го немаат да учествуваат на комуналните избори и ратификација на европската конвенција за малцинствата. Ова се три препораки што мораат да се остварат“.
Европската унија застапена од претседавачот, луксембуршкиот шеф на дипломатијата Жан Аселборн, од Хавиер Солана и Бенита Фереро Валднер ветија дека балитичките земји нема да ги запостават руските малциснтва, туку ќе ги третираат според нормите на ЕУ. ЕУ и нуди финансиска помош на Русија за обновата на Чеченија до колку Москва се придржува кон почитувањето на човековите права. Унијата очекува од Русија да ги повлече своите трупи од Грузија и Молдавија, кои во Москва и натаму се третираат како наводно природно подрачје на влијание на Русија. Лавров вети готовност за соработка, но кога станува збор за тие теми покажа малку флексибилност:
“Ако сакаме да постигнеме државите кои случајно се соседи на ЕУ и на руската федерација, да можат да живеат во стабилност и мир, тогаш со ЕУ можеме да дебатираме за многу работи што би овозможиле да ги постигнеме целите. ЕУ има свои патишта за соработка со нив. Ние имаме наши. Најважно е овие методи да не се судираат, туку да се дополнуваат“.
Русија и ЕУ во принцип се согласни околу полиитката кон Иран. Земјата треба да биде спречена да произведе атомско оружје.