1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ќе почне да ги отвора надворешните граници од јули

ЕМФ | агенции
5 јуни 2020

ЕУ во текот на јуни ќе ги отвори целосно внатрешните граници, а влез за граѓани од трети држави нема да биде дозволен пред први јули.

Österreich |  Schilder an der Staatsgrenze zu Österreich
Фотографија: imago images/F. Sorge

Контролите на повеќето внатрешни граници во Европската унија ќе ги снема на средината од јуни, но дел од нив ќе останат до крајот на месецов, изјави денеска еврокомесарката за внатрешна политика на Унијата, Илга Јохансон. Таа додаде дека за граѓаните од трети држави нема да биде дадена дозвола за влез во ЕУ пред почетокот на јули.

Повеќето од земјите од Шенгенската зона ќе ги укинат контролите на внатрешните граници на средината од јуни, а помал дел до крајот на месецовФотографија: imago/J. Gruber

На прес-конференција одржана по видео-конференцијата на министрите за внатрешни работи на ЕУ, Јохансон рече: „Лично сметам дека ќе се вратиме на целосно функционирање на Шенгенската зона и слободата на движење на граѓаните не подоцна од крајот на јуни. Се разбира, и натаму се неопходни физичка дистанца и други здравствени мерки, но здравствените власти се јасни дека нема веќе оправдување за рестрикции за патување или мерки на границите во рамките на ЕУ.“

Повеќе: 

Германија: Од 15 јуни дозволено патување во европските земји

Се чека знак за старт: Летен одмор во Европа

Границите на Италија од 3. јуни отворени за туристи од ЕУ

Во врска со влезот на граѓани од трети држави, германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер исто така потврди дека забраната ќе биде продолжена до први јули, а потоа би требало да има „диференцирано решение“, кое ќе се ориентира на епидемиолошката состојба на одредена земја. Во врска со тоа Европската комисија би требало да даде предлог во текот на наредната недела.

Иднината на патувањето со авион

01:47

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми