1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ефектот од Чернобил беше илјада пати потценет

Тони Гламчевски26 април 2006

Дваесет години по Чернобил остануваат недоговорени многу прашња

Напуштена куќа во забранетата зона
Напуштена куќа во забранетата зонаФотографија: AP

Зошто беа потценети дозите на озрачување на некои места до илјада пати, зошто не беа предупредени луѓето да не јадат зеленчук, млеко и млечни производи, дали тоа доведе до зголемување на заболените од рак на тироидната жлезда. Противниците на нуклеарната енергија велат дека „реалноста се прикрива од страна на нуклеарното лоби, кое сака да ја покаже нуклеарната енергија како чиста и неризична.“

Радиоактивниот облак од Чернобил ја зафати и Франција, денес тоа е потврдено. Но пред дваесет години, професорот Пјер Пелерен, првиот човек на Централниот сервис за заштита против јонизаторските зрачења, го тврдеше спротивното:

„Тој не претставува закана за никого…“

Луѓето во Франција по тврдењата на властите, и ден денес на шега раскажуваат дека радиоактивниот облак не ја преминал француската граница и останал од другата страна на Рајна.

Потоа дојде признанието

„Да тој помина, но не остави ништо зад себе, тоа нас ни изгледаше неверојатно и вистинско чудо. Како радиоактивниот облак ја надлета цела Франција, без да остави ништо“, раскажува за француското национално радио физичарот Ролан Деборд, претседател на независната комисија за научни испитувања за радиоактивноста, (ЦРИИРАД) – единствената лабараторија во светот која ги испитува радиоактивните зрачења, раководена од здружение на граѓани и независна во однос на политичките и индустриските интереси.

„Кога ни велат дека облакот поминал на тоа место, не знаев дека постојат граници на небото, за да ги спречат облаците да се движат“, вели со многу горчина една жена заболена од тироидната жлезда, според неа оваа болест таа ја има како последица од Чернобил.

“Значи има истовремено некомпетентност, манипулација и лага, при криењето на вистинската доза на озрачување за време на Чернобил,“ инсистира Мишел Ривази основачот на ЦРИИРАД. Во 1986 година, властите ја објавуваат картата на радиоактивната озраченост на земјата која се движи од 25 бекрели во Бретања (Западна Франција), до максимум 500 бекрели на м (Bq/м) во остатокот од земјата.

Бројката е скромна

Во 2005 Институтот за радиозаштита и нуклеарна сигурност, чиј претходник раководеше со кризата од 1986, ги објави податоците според кои наслагите од Цезиум 137, радиоактивниот елемент кој го донесе облакот од Чернобил, во некои зони како Алзас кој се наоѓа веднаш до германската територија, азурниот брег во близината на Ница и јужниот дел на островот Корзика, мерењата покажуваат дека таму озраченоста достигнува 20 000 Bq/м а на некои места дури и над 40 000 Bq/м. Односно, таму каде што врнеше дожд, веднаш по катастрофатам наслагите се поголеми.

„На растојание од само неколку километри можеме да имаме разлика со фактор 10. Затоа е тешко да се зборува глобално. Цела Корзика не е загадена, бидејќи има делови кои не беа погодени“, објаснува Ролан Деборд и додава:

„Локално на некои места во Францијам како Меркантур можат да се пронајдат акумулации на радиоактивност кои достигнуваат милион Bq/м.За среќа тоа се планински зони и слабо населени. Но земјата во тие области според правилата е радиоактивен отпад, кој се ноаѓа во заштитени национални паркови.“

По планинините, најпогодени се руралните средини и луѓето кои живеат во нив

„Ако се наоѓавте во планините на Корзика на почетокот на мај 1986 и бевте дете на овчар, тоа е единствениот период во годината кога овците даваат млеко. Овците пасат контаминирана трева, се разбира дека сé потоа е контаминирано: млекото, месото, сирењето, зеленчукот од градината и со оглед дека луѓето се хранат со тоа што го произведуваат, овие луѓе попримија колосални дози.“ нагласува физичарот Ролан Деборд.

Во 1986 година за разлика од соседните земји, во Франција беше дозволена продажбата и консомацијата на свеж зеленчук и млеко. И за тоа денес никој не е одговорен.

На Корзика, во тринаесет планински села се води испитување за да се докаже дали има или не поврзаност на зголемениот број на случаи на рак и другите болести на тироидната жлезда со радиоактивниот облак од Чернобил. Општите лекари се први кои се вклучени во испитувањето, и веќе констатира како Мариз Нуитен. „Во регионот има многу проблеми со тироидната жлезда“.

Независните експерти од ЦРИИРАД, тврдат дека по 1986 бројот од заболувањата од тироидната жлезда се зголемил, но санитарните власти тврдат дека во Франција Чернобил не предизвикал ниту еден случај на рак.

Противниците на нуклеарната енергија, која на Франција и дава 78,2 % од струјата од 19 централи и со вкупно 58 реактори, обвинуваат дека нуклеарното лоби е силно.

„За да се развие нуклераната енергија се сака да се покаже дека непостојат ризици ако дојде до радиоактивна контаминација“, објаснува Мишел Ривази

Франција започна со изградбата на нова нукерана централа во близината на Шербург, каде пред една година тогашниот премиер Жан-Пјер Рафаран инсистираше: „Тоа е исплатлива инвестиција, им велам на французите дека тоа е стратегиско исплатлива инвестиција.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми