1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕЦБ: Крај на програмата за откупување на обврзници?

СН/ агенции
12 јуни 2018

Во четврток состанок одржува Советот на Европската Централна Банка, на кој би можел да биде најавен крај на широкоградната монетарна политика на банката.

Frankfurt Europäische Zentralbank
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert

Европска централна банка (ЕЦБ) во четврток ќе разгледува кога и како да ја заврши програмата за купување на обврзници што ќе има далекусежни последици за штедачите, како и за задолжените европски држави.

ЕЦБ, која ја одредува монетарната политика за 19 држави кои користат го еврото, за 30 милијарди евра месечно откупува владини и корпоративни обрзници од банките. Оваа програма би требало да трае барем до септември, но и подолго ако биде неопходно.

Аналитичарите оценуваат дека одлуката за излегување од програмата, која би можелa да има неколку преодни чекори, би можела да биде донесена во четврток или на состанокот на 26 јули. Меѓу сценаријата е и намалување на обемот на откупот од септември и потоа запирање на крајот на годината. Крај на поттикот би бил дел од големите промени во глобалната економија. ЕЦБ би им се придружила на Федералните резерви на САД (Фед) во запирањето на огромните монетарни поттици започнати во рамките на борба против длабока рецесија. Се очекува дека Фед утре ќе ги подигне своите референтни камати.

Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Повеќе:

-Господинот Драги и поплавата од пари: Мириса на промена на каматната политика?

-ЕЦБ сака да игра на сигурно – и не прави ништо

-ЕЦБ посегна по „тешко вооружување“ за да спречи дефлација

Откупот на обврзници на ЕЦБ започна во март 2015 година, напумпа свежо испечатени пари во економијата, што во теорија би требало да ја подигне инфлацијата до целното ниво од нешто под 2 процентa. Инфлaцијата во еврозоната на годишно ниво во мај изнесуваше 1,9 насто, но е потребно да остане на целното ниво и по повлекување од програмата.

Внимание минатата недела на пазарот привлече претставникот на ЕЦБ, Петер Прает, кој рече дека состанокот во четврток ќе биде можност да се разгледа кога да се запре програмата за поттик. Прает ја набљудува економијата во ЕЦБ како член на шестчлениот извршен одбор и од оваа позiција ја предлага монетарната политика за расправата и за одлуката на 25-члeниот управен совет на банката.

Влијанието на програмата за откуп на обрвзници се почувствува ширум економијата во еврозоната.

Со неа е подигната цената на акциите, обврзниците и недвижностите, но се намалени каматите за штедачите. Таа помогна и за намалување на цените за задолжување на европските влади

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми