1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕЦБ посегна по „тешко оружје“ за да спречи дефлација

Џанел Думалаон/сн11 март 2016

Драстичните мерки на Европската Централна Банка испраќаат сигнал дека економијата на еврозоната можеби е во поголеми проблеми отколку што првобитно се сметаше.

Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst

Европската Централна Банка ги намали своите три главни каматни стапки и ја прошири и онака масивната програма за откуп на обврзници. Целта е да се спречи голема дефлација, која би ја вовлекла еврозоната во спирала на пад на платите, потрошувачката и институциите.

Главно се очекуваше Европската Централна Банка да најави дополнителни стимуланси за затетеравената економија на Европа. Но новите мерки најавени во седиштето на банката во Франкфурт отидоа многу подалеку од предвидувањата.

Погледајте го видеото на оваа тема:

Драстични мерки за спречување на дефлација

01:39

This browser does not support the video element.

За првпат ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 0 од 0,05 проценти,колку што изнесуваше досега.

Каматната стапка за ноќните депозити влезе подлабоко во негативната територија на: - 0,4 проценти

Покрај тоа беше проширена и онака масивната програма бна анката за купување на обврзници - на 80 милијарди евра месечно. ЕЦБ исто така сопшти дека ќе започне да откупува и корпоративни долгови.

Истовремено централната банка на еврозоната ги намали своите прогнози за економскиот раст и инфлацијата - само потенцирајќи колку многу на монетарната унија ѝ е неопходен стимуланс.

„Сеопфатниот проект ќе искористи различни синергии, ќе употреби различни инструменти и е калибриран натамошно да ги олесни условите за финансирање, да стимулира нови кредитни олеснувања и на тој начин да го поттикне процесот на економско закрепнување на еврозоната и да го забрза враќањето на стапката на инфлација на ниво под, ама близу 2 процента.“

Иако потребата за стимуланс изгледа дека е јасна, остануваат многу прашања. Додека ЕЦБ сѐ повеќе ги намалува основните каматни стапки, многу набљудувачи се прашуваат дали банката можеби го искористува целокупниот арсенал со кој располага - арсенал кој можеби ќе ѝ биде потребен подоцна доколку продолжи глобалното економско забавување.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми