1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ејде ќе препорача почеток на преговорите за статусот на Косово

29 септември 2005

Специјалниот пратеник на генералниот секретер на ОН за проценка на стандардите на Косово Кај Ејде, наредната недела ќе препорача почеток на преговорите за конечниот статус на Косово, вели анонимен дипломат во Њујорк. Вчера пак на Косово се случи вооружен инцидент, при што е полесно е повреден командантот на регионалниот штаб на Косовската полициска служба во Гнилање.

УНМИК, Приштина
УНМИК, ПриштинаФотографија: DW

Наредната недела, специјалниот пратеник Кај Ејде, ќе му поднесе извештај на генералниот секретар на ОН Кофи Анан, во него ќе се даде зелено светло за почеток на преговорите, кои најверојатно ќе доведат до условна независност, истакна дипломат кој е запознаен со извештајот на Ејде но нема овластувања јавно да зборува за тоа. Според дипломатот во извештајот на Ејде ќе се преорача да започнат преговорите и покрај тоа што стандардите не се исполнети онолку колку што се очекуваше. Но сепак се ќе зависи од генералниопт секретер Анан, кој ќе донесе одлука дали ќе го објави извештајот, а потоа и дали Косово доволно напредувало за да почнат преговори. Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, неделава веќе рече дека очекува оти заклучоците на Ејде ќе бидат претставени пред Советот за безбедност на ОН. Надеж дека преговорите за статусот на Косово ќе почнат до крајот на годинава истакна и високиот претставник на ЕУ, Солана.

Вчера на Косово пак беше ранет командантот на регионалниот штаб на Косовската полициска служба во Гнилање, полковник Дејан Јанковиќ. Посебната единица на полицијата во Гнилање по инцидентот започна истрага. Министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора, Вук Драшковиќ синоќа по инцидентот изјави дека случајот во Гнилање е продолжение на стратегијата на албанските екстрмисти со тероризам да остварат независно и етничко чисто Косово. Според министерот тоа сигурно нема да успее, бидејќи како што беше наведено на неодамнешниот самит на ОН, светската органзиација ќе се бори против сите видови тероризам, рече Драшковиќ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми