1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жана Немцова-репортер во Дојче веле

Дојче веле17 јули 2015

Жана Немцова, ќерката на рускиот политичар Борис Немцов, убиен во февруари во Москва, од крајот на август ќе работи во руската редакција на Дојче веле во Бон, соопшти прес службата на куќата.

Фотографија: DW/M.Müller

По своите студии по економија на Државниот универзитет за меѓународни односи во Москва, Немцова својата новинарска професионална работа ја започна во руската ТВ РБК, каде водеше емисии и интервјуираше претставници на стопанството и политиката. По убиството на својот татко, Борис Немцов, опозициски политичар и критичар на рускиот претседател Путин, Жана Немцова прво планираше да остане во Русија за да врши притисок во целосното расветлување на убиството. „Гледаме колку се мачни истрагите. Не само јас, туку и многумина други пројавуваат оправдано сомневање во нормалниот тек на истрагата. За тоа е потребна политичка волја, а неа ја нема“, изајви Немцова за Дојче веле во мај 2015 година.

Откако својата безбедност во Москва ја оцени за загрозена, Немцова реши да ја напушти Русија: „Примав закани. Посебен притисок врз мене се вршеше да не инсистирам толку интензивно на истрагата во случајот со убиството на мојот татко.“

Дојче веле сега на Немцова и‘ нуди можност за слободна новинарска работа и безбеден живот. Директорот на Дојче веле Петер Лимбург изјави: „Многу се радувам што Жана Немцова ќе работи во Дојче веле. Со својот јасен став и своите познавања натамошно ќе ја зајакне нашата успешна руска понуда.“

Жана Немцова во својата нова задача гледа „можност да го користам своето новинарско искуство на начин на кој што веќе не ќе можев да го правам во Русија. Дојче веле за многумина луѓе во Русија е доверлив извор на информации. Се радувам на работата во руската редакција.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми