1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Желев ги повика ЕУ и Грција да ја признаат Македонија

БГ/миа4 февруари 2013

Поранешниот бугарски претседател смета дека главниот виновник за проблемот со името на Македонија е Европската комисија и бара поддршка за македонското членство во ЕУ и НАТО.

Фотографија: dpa

Сите ние треба да го поддржиме стремежот на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО, изјави поранешниот бугарски претседател Жељу Желев на јавна дискусија на тема „Улогата на граѓанско- експертскиот потенцијал во надворешната политика на Бугарија во контекст на ’Црвениот картон’ на Софија кон Скопје за преговорите со ЕУ“.

„Не треба да го пресекуваме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Секако, таа мора да ги задоволи сите критериуми и услови кои важат и за другите балкански земји кои веќе станаа полноправни членки на ЕУ и НАТО. Евроатлантската интеграција треба да биде политика на сите нас за обединување на балканските земји. Тоа е апсолутно неопходно“, рече Желев.

Бугарија е првата земја што ја признава независноста на Македонија на 15 јануари 1992 година, токму кога Желев беше шеф на државата. Тој ја повтори својата теза дека главниот виновник за проблемот со името на Македонија е Европската комисија.

„Како може да се дозволи други да го решаваат името на една држава? Овој механизам за донесување одлуки со целосен консензус е идиотизам. На тој начин буквално им се овозможува на соседите да се расправаат со државата која се разгледува“, нагласи Желев и ги повика ЕУ и Грција да ја признаат Македонија под уставното име.

Според него, „правото да се избере името на сопствената држава е свето право и никој не може да го прекрши“. Желев рече дека спорот за името „Македонија“ е сличен на тоа која сега некој би го оспорил името „Грција“ затоа што во историјата на земјата таа не се викала само Грција, туку и Византија и Елада.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми