1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Железничка несреќа во Баварија - уапсен службеник

ЖА / агенции
8 мај 2018

По директниот судир на два воза во Баварија, во кој загинаа две лица, притворен е надлежен раководител на сообраќајната железничка служба на трасата.

Deutschland Zugunglück mit zwei Toten bei Aichach
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk/dpa

Постојат индиции дека причина за железничката несреќа кај Ајхах, во германската покраина Баварија, која се случи синоќа и во која загинаа две лица, е човечки фактор. Притворен е надлежниот раководител на сообраќајната служба. Против 24-годишникот постои сомневање за извршено дело убиство од небрежност, соопшти денеска претставник на полицијата.

Обвинителството од Аугсбург моментно испитува дали против осомничениот ќе биде издаден налог за апсење.

Регионалниот воз кој од Аугсбург возел кон Инголштат синоќа на само неколку стотици метри од железничката станица Ајхах фронтално удрил во локомотивата на товарен воз, кој не бил во движење. Притоа загинале 37-годишниот возач на локомотивата на регионалниот воз и една 73-годишна патничка, а поголем број патници се повредени.

Железничка несреќа кај ЗехауптФотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

Неколку часа претходно во горна Баварија се случи уште една железничка несреќа со исто така две жртви. На необезбеден железнички премин во Зехаупт на Штајнбергерзе еден регионален воз зафатил патничко возило и го завлекол неколку стотици метри, загинале возачот и совозачот на автомобилот.

Железничка несреќа во Баварија

00:52

This browser does not support the video element.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми