Катастрофи
Железничка несреќа кај Милано
25 јануари 2018Реклама
Регионалниот воз Тренорд 10452, полн со патници, се движел од Кремона кон Милано, кога неколку вагони се излизгале од шините, а два од нив се превртеле. Загинале најмалку три лица, соопшти претставник на Министерството за здравство, додека преку сто лица претрпеле повреди. Бројни патници биле заглавени во згмечените вагони.
Железницата Тренорд ја потврди несреќата, како и дека засега не се знаат причините кои довеле до неа. Возот се состоел од шест вагони, а местото на инцидентот е тешко достапно. Таму се присутни бројни спасувачки екипи. Ова е најтешката железничка несреќа во Италија по јули 2016. година, кога во судир на два патнички воза на Јадранскиот брег загинаа преку 20 луѓе.