1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Жена зад волан- историски настан за Саудиска Арабија

СН/ агенции
25 јуни 2018

По децении активизам, жените во Саудиска Арабија го прославија укинувањето на забраната за возење автомобил- „преплавувајќи“ ги улиците.

Saudi-Arabien 1. Tag Fahrerlaubnis für Frauen
Фотографија: Reuters/H. I Mohammed

Во ноќта кон 24 јуни, жените во Саудиска Арабија седнаа зад воланите на автомобилите и ги „преплавија“ улиците за да го прослават историскиот настан- укинувањето на забраната за возење автомобили.

Саудиските жени за првпат без страв  од казна седнаа зад волан. Ова стана можно во ноќта на 24 јуни. Саудиска Арабија, имено, беше последна земја во светот, каде што на жените им беше забрането да возат автомобил. Низ целата земја жените го прославија укинувањето на забраната. Таа беше во сила од 1950 година.

Славје на возачките во Саудиска Арабија

00:57

This browser does not support the video element.

Некои Саудијки веќе имаат добиено и возачка дозвола. „Искрено кажано, ова е историски ден, тоа беше нашиот сон, и се оствари!“, вели една пресреќна Саудијка зад воланот.

Повеќе:

-Саудиска Арабија: Поделени првите возачки дозволи на жени

-Фотографија на денот: Жените во Саудиска Арабија првпат на стадион

Фотографија: Reuters/H. I Mohammed

Во 90-тите години од минатиот век на активистките, кои се бореа за тоа, им се закануваа со одмазда и казни. До целосна рамноправност во општеството е се' уште далеку. Во Саудиска Арабија и денес сите приватни и правни работи на жените ги контролираат мажи.

Сепак, има напредок: Во јануари годинава, на жените, исто така, им беше дозволено да одат на стадиони.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми