1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жените на Косово - на маргините на општеството

Мирјам Штегер20 февруари 2006

Како да се излезе од кругот на дискриминација?

Жена на избори на Косово
Жена на избори на КосовоФотографија: AP

“Се борам. Млада сум, жена сум и предавам на еден универзитет каде доминираат мажи. Тоа е предизвик, но јас сакам предизвици.“

Линда Гусија има 26 години и по професија е социолог. Таа предава на универзитетот во Приштина. Задача што не е лесна во општество како на Косово, кое е многу патријархално, вели младата жена со долга црна коса. Нита Љуци за женското прашање се бори на друго место – таа еднаш неделно води радио-шоу со поканети гости, каде што можат да се вклучат и слушателите:

“Името на шоуто е “Се додека нема премногу феминизам“. Го развивавме концептот кога ми беше речено – те познаваме, се додека нема премногу феминизам...Затоа шоуто сега го носи тоа име.“

Свеста за посебната реалност на жените, на Косово не е многу врежана. Жените особено страдаат од политичката и пред се економската ситуација , вели универзитетската доцентка:

“Проблемот е што жените се на маргините на општеството. Тие страдаат економски. А, кога економски страдаат не можат да одат на училиште, не можат да се надградуваат, немаат работа. На Косово има невработеност од 70% и се разбира мажите ги добиваат најдобро платените работи.“

Косово уште во времето на поранешна Југославија беше сиромашното катче. По војната во 1999 година ситуацијата се влоши. Голем број луѓе беа протерани, повеќе од 800 илјади избегаа во странство. До денеска економијата не функционира. Поради тоа што луѓето се сиромашни и што веруваат дека нивните синови подоцна полесно ќе најдат работа отколку нивните ќерки, дури и девојчињата кои одат во повисоки школи мораат да ги напуштат на возраст од 16-17 години, раскажува Линда Гусија.

Женскиот пол недостига не само во училишните клупи, туку и во учебниците, зашто во нив главно се говори за борци и војници:

“Тоа навостина на децата им пренесува порака на поголема агресивност, доминантност на мажите, мачо систем. Кога одиш на училиште и не учиш ништо за писателки или поетеси, се разбира дека тоа ќе ти го измени погледот на светот.“

Погледот на свет го има променето и влезот на религиозните организации во досега инаку малку религиозното Косово, вели Нита Љуци, која како антрополог, работи на својата докторска тема за жените на Косово.

“Постојат исламски организации кои на жените и нивните татковци им даваат пари за ќерките да носат фереџе, но им има и цркви кои на различни начини, во навод, “помагаат“, а тоа не е ништо поинакво од обидот луѓето да конвертираат. Мислам дека начинот на кој што тоа се прави е многу проблематичен.“

Во политиката, жените и нивните проблеми воопшто не играат никаква улога, тврди Линда:

“Ако на пример го земеме гинеколошкото одделение на болницата во Приштина – таму има по 40 породувања во текот на една ноќ. Како да им се помогне на овие жени? Кога ние говориме за реалните секојдневни проблеми, политичарите тоа не го прават. Тие не само што не го земаат предвид аспектот на раѓањето, туку не говорат ниту за струјата што ја немаме доволно. Сите се фино апстрактни и говорат за национална романтика. Тоа е она што ние го имаме овде.“

Национализмот и државната независност - тоа го определува политичкото размислување и дејствување на Косово. Тука ништо нема променето ниту квотата од 30“ жени во парламентот:

“Повеќето имаат само декоративна функција. Се надевам и верувам дека тоа ќе се промени. Во иднина ќе имаме жени политичарки кои навистина се убедени во она што го работат, а не се тука само затоа што ги избрал некој шеф на партија затоа што знае дека се послушни.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми