Жестока осуда за нападот во Тел Авив
18 април 2006
Генералниот секретар на ОН , Кофи Анан , во својата осуда на нападот истакна дека тој неможе да се оправда со ништо и ја повика новата палестинска влада предводена од Хамас да заземе јасен јавен став против ваквите напади.
Слична порака упатија и САД , кои упатија и жестока осуда за палестинските организации кои го оправдуваат па дури и го поздравуваат ваквиот напад:
„ Товарот на одговорноста за спречување на вакви терористички напади , лежи врз палестинските власти. Ние забележавме дека неколку палестински терористички групи , вклучително и Хамас го бранеа па дури и му аплаудираа на овој варварски акт.
Палестински влада која охрабрува или толерира тероризам против недолжни луѓе , жени и деца , не само што им наштетува на Палестинците , туку и се погрижува за нивна натамошна изолација“- изјави портпаролот на Белата Куќа , Шон Мек Кормак .
Инаку нападот се случи среде еднонеделното празнување на големиот еврејски празник Псха пред еден киоск за сендвичи во близина на главната автобуска станица во Тел Авив . Две палестински радикални групи, Исламски Џихад и Бригадите Ал Акса ја презедоа одговорноста за нападот .
Портпарол на Хамас веднаш по нападот истакна дека тој претставува легитимен акт на самоодбрана . Слично реагираше и портпаролот на Исламски Џихад Калед ел Бач.
„ Кој и да го изврши овој напад против Израелците , Исламски Џихад Хамас Фатах или некоја друга организација , мислам дека тоа е право на Палестинците да се бранат против израелската окупација и насилството во кое страдаат многумина од нив“
Единствената итна осуда на нападот од палестинска страна , пристигна од претседатело Махмуд Абас:
Во името на претседателот махмуд Абас го осудуваме овој напад како што секогаш го правиме тоа кога се погодени цивилни цели , без оглед дали се израелски или палестински . Ваквите напади им штетат палестинските интереси и ги повикуваме сите палестинци да се придржуваат кон прекинот на огнот“- изјави главниот палестински преговарач Саеб Ерекат.
Израелската влада пак веднаш по нападот истакна дека одговорноста за нападот ја сноси новата палестинска влада на чело со Хамас . Пратеникот во израелскиот парламент кој вчера ја одржа конституитивната седница Јоси Бејлин порача:
„Ова е потсетување за нас , дека не сме го решиле проблемот и оти сме во средиштето на многу длабока криза , додека Хамас ја раководи палестинската влада.
Инаку како одговор на нападот израелските авиони со проектили гаѓаа цели во појасот на Газа . Нема извештаи за жртви во овие напади.
Кон меѓународната осуда на самоубиствениот атентат во Тел Авив , се приклучи и германската влада. Шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер ја повика палестинската влада да се придржува кон своите меѓународни обврски и да ја уништи терористичката инфраструктура.
Вчерашниот беше најтежок напад на израелска територија во последната година и половина. , поголемиот дел од нив цивили .