Жестока расправа во Собранието за Извештајот на ЕК за Македонија
26 октомври 2011Пратеничката на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шекеринска и‘ порача на власта дека битката за терминот „македонски“ не треба да се води во македонските медиуми, туку во Брисел и Стразбур. Според неа, Владата нуди „политика ни име, ни членство“, бидејќи Македонија не е ниту членка на ЕУ и НАТО, а според Шекеринска, името на државата ретко каде се споменува.
За поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски единствен проблем поради кој што Македонија сe‘ уште не ги отпочнала преговорите со ЕУ е блокадата од страна на Грција. Тој го одби предлогот на Шекеринска за формирање на кризен штаб, препорачувајќи таков штаб да се формира во Социјалдемократскиот сојуз поради партиските превирања.
Автор: ЖА/ макфакс
Редактор: А.Трајковска