Жестоки нереди во Лондин
7 август 2011
Нередите во Лондон избувнале по протестите поради убиството на еден маж, кое се случи во текот на неделата. Според агенцијата АФП, еден полицаец се здобил со потешки повреди на главата. Британскиот сервис Би Би Си јави дека во нередите биле запалени и еден автобус и една продавница.
Инцидентот започнал кога група од 200 луѓе се собрале пред полициската станица во лондонскиот Тотенхем, за да го изразат својот револт по убиството на еден 29-годишен маж, кој во четвртокот, во пресметката со огнено оружје го загуби животот. Лицето кое е убиено се наоѓало во такси кое било сопрено од полицијата, како дел од претходно планирана акција. Полициските сили денеска се обидуваат повторно да воспостават ред на улиците во главниот град на Велика Британија.
Автор: ЖА/ГЧ/Макфакс/дв
Редактор: Жана Ацеска