Жестоки протести во Бретања
3 ноември 2013Организаторите на протестите зборуваат за 30 илајди учесници, властите за 10 илјади. За време на демонстрациите дојде и до жестоки судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Дел од демонстрантите фрлаа со камења и запалија еден контролен пункт на патарина. Полицијата реагираше со солзавец и водени топови.
На протести повикаа синдикатите и организации на земјоделците. Голем дел од учесниците носеа црвени капи, симбол на отпорот на жителите на Бретања во времето на Лудвиг 14. против даноците. Демонстрациите, меѓу другото, беа насочени против еко-данокот за камионите. Ова е втор протестен собир против еко-данокот во рок од две недели. На протестите пред една недела исто така имаше судири, по што владата на францускиот премиер Жан-Марк Ајро вети дека еко-данокот нема да стапи во сила на 1 јануари 2014 година, како што беше планирано. Сепак, Ајро нагласи дека владата се држи и натаму до ваквата давачка. „Откажување од ваквиот данок нема, но потребно е време за национален и регионален дијалог“, рече премиерот.
Француските власти стравуваат од ширење на протестите во целата земја. Според актуелните анкети, 85% од жителите на Бретања не веруваат дека актуелната влада може да се справи со кризата во земјата.