1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Жесток контра-ветер за суданските пучисти

СН/агенции
28 октомври 2021

По воениот удар во Судан, ОН, ЕУ и САД бараат враќање на обезвластениот премиер. Африканската унија ја суспендираше земјата, а во Картум има протести против новите властодржци

Протести во Картум по воениот удар во Судан
Протести во Картум по воениот удар во СуданФотографија: AFP

Во заедничката изјава на ЕУ и на амбасадите на Германија, Франција, Велика Британија, САД и на други земји, се вели дека Абдула Хамдук, кој беше соборен од власт од војската, и натаму ќе биде признат како шеф на суданската влада. 

Специјалниот пратеник на ОН за Судан, Фолкер Пертес, се сретна со лидерот на пучистите, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан и со Хамдук, кој е во домашен притвор. Според портпаролот, тој за време на разговорот со генералот ги „потврдил“ повиците за „враќање на процесот на транзиција“ според уставната декларација и „итно ослободување на сите уапсени“.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, го осуди военото преземање на власта во Судан и апсењето на цивилните владини претставници, во телефонски разговор со суданската министерка за надворешни работи Маријам Сади ал-Махади.

Премиерот на Судан Абдула Хамдук се наоѓа во домашен притворФотографија: picture alliance/dpa/XinHua

Тој на Твитер напиша дека, исто така, разговарале за тоа како САД можат најдобро до го поддржат повикот на суданскиот народ за враќање на транзицијата кон демократија, која ја предводат цивили.

Илјадници луѓе во ова африканска земја излегоа на улиците откако војската во понеделникот ја презеде власта од преодната влада, а неколку се убиени во конфликтите со безбедносните сили.

Шефот на вооружените сили генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, кој го воедеше военото преземање на власта, го распушти заедничкиот цивилно-воен совет кој беше формиран да управува во земјата до демократските избори по соборувањето од власт на автократот Омар ал-Башир во народниот бунт во април 2019 година.

Блинкен разговарал за поддршката на Вашингтон во цивилната транзиција во согласност со Суданската уставна декларација, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

Светска банка ја запре помошта за Судан по државниот удар во земјата, а САД замрзна 700 милиони долари помош.

Африканската унија, исто така, го суспендираше Судан поради „неуставно“ преземање на власта.

   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми