1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четири илјади деца под ведро небо во Северна Македонија

ДТЗ
18 февруари 2022

Четири илјади деца се под ведро небо, 18.700 не се во училишните клупи, а 1.500 деца од ромската популација немаат матични броеви.

Armut in Mazedonien
Фотографија: DW/S. Toevski

Четири илјади деца и луѓе на поголема возраст питачат во Северна Македонија, а околу 50 деца на возраст од 3 до 14 години користат наркотични средства. Ова го покажува истражувањето на Здружението „Градиме иднина“, од каде посочуваат дека четири илјади деца во земјата се под ведро небо, 18.700 не се во училишните клупи, а 1.500 деца од ромската популација не се евидентирани со матични броеви.

Во истражувањето спроведено во рамки на проектот „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ почнат од 3 декември 2021 година, се наведува дека само во главниот град Скопје бројката на децата питачи е зголемена од 70 на 100.

Илија Јовановски, претседател на „Градиме иднина“ вели дека досега три деца на тригодишна возраст починале со користење на лепило и наркотични средства.
На средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска побарале дополнување и измени во Законот за заштита на децата. 

Институционална грижа 

„Според оваа истражување заклучивме дека малите деца за време на питачењето делуваат поагресивно и ги малтретираат и понижуваат возачите. Еден апел до возачите – престанете да им давате финансиска помош. Државата и Министерството се должни да го решат овој горлив проблем“, вели Јовановски.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека грижата за децата и семејствата во социјален ризик е нивен приоритет. 

Во Скопје бројката на децата питачи е зголемена од 70 на 100.Фотографија: DW/K. Delimitov

За таа цел во координација со Министерството за внатрешни работи во изминатиот период се преземени конкретни чекори за намалување на питачењето кај децата на улица и нивните родители. Се вршат терански активности на критични локации на територијата на град Скопје.

Мобилни тимови

Поради зголемениот број на питачи, формирани се мобилни тимови составени од стручни лица од центрите за социјални работи кои во соработка со МВР, имаат месечни планови за теренски активности на целата територија на град Скопје. „На терен, постапуваат инспектори за малолетници и стручни лица од Центарот, претставници од здруженија, кои преку превентивен и едукативен пристап  со децата  и нивните семејства, имаат за цел да ги воочат ризиците од оваа социо-патолошка појава“, укажуваат од министерството.

Отворени се и два дневни центри за деца на улица  о Кисела Вода и Шуто Оризари. Основна улога на Дневниот центар  за деца на улица е отстранување на децата од улица и нивна инклузија односно вклучување во општеството преку усвојување на различни социјални вештини. Покрај работата со децата, се работи и со биолошките родители преку јакнење на нивните родителски капацитети, одговорно родителство и надминување на стереотипни однесувања, поврзани со припадност на одредена етничка група и вклучување во системот на социјална, детска и здравствена заштита, укажуваат од надлежното министерство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми