1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жителите на Доњецк се во очај

Ина Купријанова/бг12 декември 2014

Жителите на источноукраинскиот рударски регион Донбас се помалку им веруваат на ветувањата на проруските сепаратисти кои го контролираат регионот. Но, многу доверба немаат ниту во владата во Киев

Фотографија: picture-alliance/AA/A. Ermochenko

„Кога ќе излезам од дома, на улиците гледам повеќе пси од луѓе. Пред градското собрание луѓето плачат за леб“. Вака Игор го опишува Иловајск, мало гратче во близина на Доњецк во источна Украина. Стотици луѓе ги загубија животите тука летово во жестоките борби меѓу украинската армија и проруските сепаратистички милиции.

Мнозинството граѓани на Иловајс сакаа да се приклучат кон Русија. Тие им поверуваа на ветувањата за повисоки плати и пензии во руските медиуми. Ништо од тоа нема, вели Игор, кој како и многу други жители, бара да не го откриваме неговото презиме од безбедносни причини. Тој е еден од оние чии надежи се уништени. Поради војната ги загуби бизнисот, а семејството не си го видел веќе шест месеци. За време на судирите, неговата сопруга и двете деца заминале во Краснодар, на југот на Русија. Домот се уште му е тука, но вели дека шансите за нормален живот со семејството веќе не постојат.

Сакаме само мир

Состојбата во другите делови на Доњецк не е многу подобра. Кога започна насилството, мнозинството од младите и работоспособните побегнаа. Според киевскиот Институт за социологија, во моментов во Доњецк живеат околу 700 илјади луѓе. Пред војната беа 900 илјади. Доњецк се сметаше за напреден економски центар на Украина. Сега е место во кое сиромашните, болни и изнемоштени стари луѓе се молат, и чекаат на хуманитарна помош за да се прехранат. Институтот од Киев проценува дека на 60 проценти од жителите на Доњецк итно им е потребна храна.
Светлана, поранешен лекар, за ДВ вели дека гласала на референдумот на сепаратистите за самопрогласената Доњецка Народна Република. И таа се надевала дека од Русија ќе добие повисока пензија. Денес, повеќе не им верува на сепаратистите, на Кремљ или на администрацијата во Киев.
„Веќе ништо не очекуваме од нив. Само сакаме мир. Запрете ја војната- колку сум лута би можела да им се јавам на овие од Доњецката Република и да им кажам се што мислам“. Но потоа пензионерката додава: „Не, сепак не би го сторила тоа. Доколку го сторам тоа веројатно ќе дојдат и ќе ме убијат“.

Жителите на Доњецк во ред за хуманитарна помошФотографија: DW/I. Kupriyanova

Нема пари

За разлика од Светлана, 45-годишната Лариса не ги поддржува сепаратистите, но сепак останала во Доњецк. „Мојот татко беше рудар. Болен е и неподвижен. Никогаш нема да го оставам“. Најголемиот проблем за Лариса се парите. „Сите банки затворија поради нестабилноста“. Лариса нема пристап ниту до пензијата на татко и. Во моментов, украинските пензии се достапни само во регионите во кои владее Киев. За да си ја подигне пензијата, нејзиниот татко мора да отпатува во некој од тие региони.

Претставништвата на банките одамна се затворениФотографија: DW/I. Kuprijanova

50-годишниот Олег од Доњецк се сомнева дека животот тука набрзо ќе се врати во нормала. За кризата тој ја обвинува администрацијата на поранешниот претседател Виктор Јанукович. „Овие владетели ја поделија земјата, и сето тоа само за да се збогатат. Дали некогаш размислиле за последиците од нивните акции. Не, ниту еднаш“, вели Олег.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми