Жртви во експлозии во Најроби
16 мај 2014
Во две експлозии во Најроби според наводи на властите се убиени најмалку десет лица, а над 70 се ранети. Некои од повредените обилно крварат, па болниците ипатија повик за дарување крв.
Едната од двете експлозии се случила на пазар во близина на центарот на градот, а другата во автобус во близината, соопшти Центарот за заштита од катастрофи. Полицијата соопшти дека биде детонирани две експлозивни направи, кои биле рачно направени. Еден од осомничените напаѓачи еуапсен.
Кенија во последно време се‘ почесто е потресувана од крвави напади, зад кои главно стојат исламистички групи. Дел од нападите во внатрешноста се извршени во знак на одмазда што Кенија ја поддржува соседната Сомалија во борбата против исламистите. Така, сомалиската терористичка милиција Ал Шабаб ја презеде одговорноста за напад врз трговски центар во Најроби во кој на крајот на септември лани загинаа 67 луѓе.
Непосредно пред денешните експлозии, неколку часа претходно, германското министерство за надворешни работи ги предупреди германските туристи во Кенија да бидат внимателни, иако не беше препорачано предвремено напуштање на земјата. И владите на САД и Велика Британија оваа недела ги предупредија своите државјани на опасност од напади. Според медиумите, околу 400 британски туристи предвреме ја напуштиле Кенија.