1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви при напад врз конвој на НАТО во Кабул

АТ/ афп/дпа/ртр16 мај 2013

Атентатор самоубиец во Кабул изведе напад врз конвој на НАТО трупите во Авганистан. Во нападот се убиени најмалку 16 лица, меѓу нив шест војници на Алијансата.

Фотографија: Reuters

Повеќе од 30 лица се повредени во нападот во Кабул соопшти Министерството за здравство, повеќето од нив цивили. Ова е првиот потежок самоубиствен напад во главниот град на Авганистан по повеќе од два месеца.

Според информации на полицијата атентаторот ја активрал авомобил бомбата во близина на две возила со странски војници. Покрај шестте војници на ИСАФ, чија националност се’ уште не е позната погинаа уште десет цивили.

Одговорноста за нападот ја презема радикално-исламистичката Хесб-и-Ислами (Партија на исламот) на поранешниот премиер Гулдбудин Хекматјар. Портпарол на групата рече, цел на нападот биле странските соработници.

Хекматјар во борбата со советските окупатори како и Осама Бин Ладен беше сојузник на САД. Сега со бунтовничките групи се бори на страната на радикалните талибанци на Мула Омар и мрежата Хакани против авганистанската влада и нејзините поддржувачи од странство. Истовремено политичкото крило на организацијата неодамна учествуваше во мировните преговори со претседателот Хамид Карзаи.

На крајот на април талибанците ја најавија нивната годишна пролетна офанзива, која во прва линија е насочена против меѓународните трупи и дипломатските институции.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми