Прво добрата вест: германската економија во наредната година нема да западне во рецесија. Но, анкета спроведена во најважните гранкови здруженија покажува дека не се очекува ни голем пораст.
Реклама
Нешто пред новата година Институтот за германска економија (ИВ)редовно врши испитување на мислењето во 48 гранкови здруженија во врска со нивните очекувања за годината што доаѓа. Како ќе се развиваат производството, вработувањето и инвестициите? Овојпат сликата е измешана. Речиси десетгодишниот и изненадувачки долг период на подем на економијата сега е закочен и изгледа дека листот се врти.
„Забавата заврши во смисла на тоа дека многу долгиот, многу стабилен, многу постојан и истовремено интензивен пораст и од аспект на вработувањата, дојде до својот крај", вели директорот на ИВ, Михаел Хитер, во разговор за ДВ. Од почеток на 2018 година конјунктурата преминала во фаза на умерен раст. Во одредени економски сектори индустријата во последните квартали дури е западната и во јасна рецесија. Тоа се должи и на фактот што бизнисот во сектори како, на пример, автомобилската индустрија, по особено добра фаза, сега е всушност нормализиран, вели Хитер. Освен тоа, геополитички ризици и предизвици како дигитализацијата и климатските промени предизвикале несигурност кај многу компании и потрошувачи.
Различни очекувања
Анкетата ги отсликува различните очекувања во важните бранши. Индустриски гранки, како на пример машинопроизводството, хемиската индустрија, металопреработувачката, автомобилската и електротехничката индустрија веќе бележат назадување. Таму владее воздржаност. Слично е и со гранките кои структурно се погодени од промените со користењето обновливи извори на енергија, како и прекинот на користење јаглен, како на пример целиот енергетски сектор, рударството и преработката на минерални масла.
И кај банките и во финансискиот сектор очекувањата се намалени заради политиката на ниски камати и државната регулација во таа област. Исклучок се менаџментот на средства и лизинг браншата, коишто по повеќе слаби години изгледа конечно фатиле чекор.
Спротивно на нив, оптимистички очекувања има во градежништвотои кај занаетчиството, иако и таму нештата не стојат толку сјајно како во изминатите години. Сепак, во тие бранши се очекува раст од шест проценти, по речиси осумте проценти од минатата година.
Комплексни ризици за конјунктурата
Дали овие очекувања ќе се исполнат, зависи од целосниот конјунктурен развој. Во однос на ова, шефот на ИВ, Хитер, гледа комплексни ризици: „Дури и да биде решен трговскиот конфликт помеѓу САД и Кина, за што има сигнали, во глобалната економија ќе остане непријатно." Во конфликтната ситуација меѓу големите сили САД, Русија и Кина, Европа седи на повеќе столчиња.
Глобализацијата како економски двигател на Германија е ослабена поради овие конфликти. „Исто како и во претходните децении, не можеме да се потпреме на фактот дека имаме погон однадвор. Мораме сами да направиме напор“, вели Хитер. Развојот на германската економија е инхибиран од сопствените импулси, затоа што германската политика не е во состојба да создаде одржливи рамковни услови за најголемите актуелни предизвици: „Стареењето на населението, дигитализацијата и ЦО2 неутралноста како реакција на климатските промени“, набројува Хитер. „Со овој пакет структурни предизвици ја преоптоваривме германската економија, која е секако ефикасна – во спротивно не би го создала ова високо ниво на конкурентни работни места“, вели овој економист.
Конјунктурните прогнози на Хитер се соодветно скромни. „Во 2019 имавме во просек годишен раст од 0.5%, следната година очекуваме да биде 0.9%. Ефектите од празниците остануваат во просек на 0.7 %, што речиси и не прави разлика. Тоа значи дека економијата е во застој."
Неколку совети за аплицирање за работа во Германија
Во Германија, апликантите често пати грешат за исти работи. Еве неколку совети како да го направите следниот чекор во процесот на вработување. Многу нешта звучат очигледно, но не ги потценувајте!
Фотографија: Colourbox
ТРЕБА: Аплицирајте за реалистични работни места
Прочитајте го описот на работното место и бидете сигурни дека ви одговара. Доколку тукушто излегувате од училиште, немојте да аплицирате за директорско место. Но, истовремено не бидете прескромни. Компаниите често добиваат огромен број апликации и посветуваат едвај 5 минути за секој кандидат. Доколку веднаш не увидат дека одговарате, Вашата апликација ќе заврши во одбиените.
Фотографија: picture-alliance/dpa
НЕ ТРЕБА: Да испраќате нецелосни апликации
Бидете сигурни дека испраќате се што е потребно за огласот. Секогаш нека ви бидат подготвени документите, за да не пребарувате во последен момент. Најчесто ќе ви требаат Биографија, Мотивациско писмо, препораки и ПДФ копии на дипломите, како и други документи кои ја докажуваат Вашата квалификација.
Фотографија: C. Klose/dpa/picture alliance
ТРЕБА: Држете се до стандардот
Иако креативноста е често добар квалитет, треба да водите сметка за некои германски стандарди во апликацијата, на пример: датум на раѓање, брачен статус - и најконтроверзно- Ваша фотографија.Тоа е традиција во Германија. Повеќе не е неопходно, но комисиите сакаат да ја видат, макар и само за да им помогне да ги запаметат кандидатите.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
НЕ ТРЕБА: Испраќање до непознат
Не ја адресирајте апликацијата со „До засегнатите“ или „Драги г-не, дрaга г-ѓо“. Потрошете малку време на истражување на компанијата и пронајдете кој е шеф на човечки ресурси. Тоа покажува иницијатива и интерес. Пребарајте на интернет страницата на компанијата или на социјалните мрежи за да знаете кому да се обратите. Не заворавајте да ја наведете и адресата на компанијата на писмото.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose
ТРЕБА: Лекторирајте
Ова е нешто што оние кои регрутираат постојано го потенцираат- лекторирајте! Лесно е, бесплатно и не одзема многу време. За некои оддели едноставните јазични грешки се крај. Други имаат повеќе разбирање, но сепакт остава многу лош впечаток, особено ако другите апликанти се потрудиле нивната апликација да биде безгрешна.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
НЕ ТРЕБА: Да го правите сами
Побарајте помош или совет, особено доколку не сте од Германија и не ви е мајчин јазик. Нека препрочитаат и нека ви сугерираат идеи. Дури и доколку Биографијата ви е на англиски, вашето мотивациско писмо треба да е на германски. Работодавачите веројатно ќе сфатат дека некој ви помогнал, но ќе знаат и дека ви било важно да се претставите во најдобро светло.
Фотографија: picture alliance/dpa/S. Marks
ТРЕБА: Да биде автентично
Лажење во апликацијата е лоша идеја. Бидете свои и бидете креативни. На германскиот пазар на трудот сега е далеку понеформално во однос на изгледот. Тетоважи, пирсинг и шорцеви до неодамна беа неприфатливи. Сега дури и полицајците си ги покажуваат тетоважите. Овие добредојдени промени имаат врска со дигитализацијата и недостатокот на квалификувани работници.
Фотографија: picture-alliance/empics/A. Matthews
НЕ ТРЕБА: Да бидете неконзистентни
Вашето резиме и мотивациското писмо нека бидат конзистентни. Тоа се однесува на форматот, фонтот, јазикот, сѐ. Тоа се првите нешта кои се гледаат и кои оставаат впечаток. Содржината исто така мора да биде конзистентна: датуми, места, настани... не смее да има разлика. Во суштина, подобро е да се испрати повеќе одошто помалку. Но, истовремено, не претерувајте со текст од 30 страници!
Ова е важна животна лекција која многумина се уште ја игнорираат кога постираат пијани фотографии или неприкладни нешта. Замислете што ќе помисли идниот шеф за Вас? Дополнително, вашите социјални профили треба да бидат ажурирани и да покажуваат позитивен имиџ на прикладен кандидат за работното место кое се бара.