1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забави и уживај: Може ли туризмот да го спаси Лукомир?

Аида Софиќ-Салихбеговиќ
9 септември 2019

Лукомир е последното вистинско традиционално босанско село - со куќи од камен и покриви од црешово дрво. Но, со текот на времето и ова село се промени. Од 50 семејства во 1950-те, денес селото назима е пусто.

Naturschutzgebiet Bjelasnica Igman Treskavica und Fluss Rakitnica
Фотографија: DW/S. Huseinovic

Селото Лукомир е сместено е на околу 1500 метри надморска височина на планината Белашница. Тоа го прави највисоко населено место во Босна и Херцеговина. Селото не е населено во текот на целата година.

Зимата е премногу сурова, а и многу жители се иселени во странство. Оние кои се во БиХ налето доаѓаат редовно во родното место. Меѓу нив е и Мушан Маслеша:

„Јас сум пензионер и доаѓам за викенд по 2-3 дена, па се враќам долу, дома. Таму имам градина. Малку овде, малку долу и така ти е тоа во текот на летото. Назима не сум овде, назима нема никого овде.

Мушан Маслеша вели дека налето во Лукомир му е поубаво отколку во Сараево. Полека ја обновува својата куќа и се жали дека младите не се интересираат за селото: „Оние што се родени долу, не сакаат многу да доаѓаат. Јас имам два сина и тие може никогаш да не дојдат овде. Ним им е сеедно за селото, а јас веројатно сум поминал повеќе време овде и сум запомнил и добро и зло.“

Летните жители на Лукомир можат по нешто и да заработат. Шарени волнени чорапи висат на оградата на речиси секоја куќа. Се продаваат и планински чаеви, како и други сувенири.

„Интересно им е на сите кои доаѓаат. Убаво, планини, убава природа. Но, назима, не дај боже да си овде“, вели Мушан.

Има и млади кои го користат летниот туристички потенцијал. Нарсид Маслеша пред 4 години отворил кафеана во Лукомир: „Променив којзнае колку работни места. Но, никаде не се пронајдов и никој не дава договор на неограничено време, така што го покренав ова на моја и на иницијатива на татко ми.“

Нарсид вели дека е среќен и дека има премногу работа. Тој е во потрага по работници:

„Супер! Презадоволен сум. Уште да има некој кој сака да работи, би бил добредојден. Не можам да најдам работници.“

Туристите не се реткост во Лукомир. Еден човек од Белгија доаѓа редовно:

„Лукомир е преубаво мало село. Ние доаѓаме овде повеќе од 10 години. Не секоја година, но понекогаш. Мислам дека селото доста се промени. Стана премногу модерно.“

Приказната за Лукомир овде:

Забави и уживај: Може ли туризмот да го спаси селото Лукомир?

04:17

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми