Повеќе од 50 деца од Албанија беа однесени насилно од нивните родители, кои и` се приклучија на Исламска држава во војната во Сирија. Борбата на семејствата за нивно враќање во Албанија и натаму трае.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Alleruzzo
Реклама
Од 2014 година Миде Думани носи само црно. Во јануари истата година, нејзиниот сопруг, радикален исламист, тајно заминал во Сирија и ги зел со себе нивните две малолетни деца. Тие се вклучиле во војната на страната на Исламска држава. Мажот, наводно, починал за време на борбите, оставајќи ги децата сираци. Ева и Ендри Думани се само две од 52 албански деца кои се заробени во сириските кампови, каде се наоѓаат жените и децата на поранешните странски борци на терористичката Исламска држава.
„Дали постои поголема загриженост за мајка која не знае што јадат нејзините деца, пијат... каде спијат, престојуваат…“, вели Миде Думани, мајката на Ева и Ендри.
Бабата на децата, мајка на таткото, Менти Думани, подоцна заминала во Сирија и ветила дека ќе се грижи за нејзините внуци. Таа, исто така, починала месецов. „Тие се исплашени: 'Мамо, кога ќе не земе владата од тука?' Прашуваа постојано во последните 9 месеци“, раскажува Миде Думани.
Кампот Ал-Хол во североисточна Сирија, каде курдските вооружени сили ги држат заробени семејствата на странските борци на ИДФотографија: picture-alliance/dpa/M. Alleruzzo
Ева Думани се јавува на своето семејство секогаш кога ќе најде телефон во кампот. Последен пат таа во телефонскиот разговор од кампот Ал-Хoл во Сирија, со роднините во Албанија имаше голема молба за нив :
„Вујче Џетан, не ни се јавувај на телефоните на други луѓе, бидејќи тие се вознемируваат. Почекајте јас да се јавам. Ќе останеме тука додека владата не дојде и не нѐ земе. Не се мешајте во други работи. Само почекајте да се вклучи албанската влада. На овој начин, не се вознемирувате ни вие, ниту ние.“
Напорите на семејството на Миде беа огромни. Но, безуспешно. Никој не го слуша нивниот повик за помош.
„Ние бевме во постојан контакт со сите институции. Само празни ветувања. Ние комунициравме приватно на сите можни начини. Кампот не прифаќа преговори со семејството, само со владини институции “, објаснува Агим Ндреѓони, вујкото на Ева и Ендри.
ДВ побара официјална изјава од кабинетот на албанскиот премиер и од министерството за внатрешни работи во Тирана. Не доби никаков одговор досега.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Ahmad
Семејствата, кои се наоѓаат во слична ситуација како Миде одржаа протест, барајќи од владата да ги врати нивните деца дома.
„Донесете ги моите деца тука, во нивното семејство. Не само моите деца, туку и сите албански деца. Тие се ангели. Тие се невини “, апелираше Миде Думани.
Собирот во Тирана се одвиваше мирно, но полицијата на крајот го забрани протестот, поради мерките поврзани со пандемијата на коронавирусот. За Миде Думани и други како неа, борбата за нивните деца продолжува.
Што всушност претставува „Исламска држава“?
„Исламска држава“, покрај разорувањата во Ирак и Сирија, во вестите често се наоѓа и поради нејзината бруталност. Што е ИД и колку е моќна? Во продолжение ви претставуваме одговори на најчесто поставуваните прашања.
Што е „Исламска држава“?
Се смета дека „Исламска држава“ е фракција од терористичката организација Ал Каеда, т.е. сунитска милитантна група, за која се верува дека е формирана како одговор на недовербата и фрустрациите од неуспешното владеење на владите во Сирија и Ирак. На нивното знаме пишува „Мухамед е пророкот на Бог“ и „Нема друг бог освен Алах“ - фрази со кои се согласуваат сите муслимани, не само „ИД“.
Фотографија: AP
Каде е активна „Исламска држава“
Целта на „Исламска држава“ е формирање на „калифат“ - држава каде се почитуваат традиционалните вредности на исламот и шеријатското право. Поради нестабилноста на регионите во Сирија и Ирак, „Исламска држава“ успеа да освои и да стави под своја контрола тероитории во двете држави.
Што ја прави „Исламска држава“ различна?
Клучна разлика е бруталноста на „Исламска држава“ со која се влева страв кај противниците и цивилите - преку егзекуцијата со обезглавување и бруталното насилство. Лидерите на „ИД“ велат дека владеат со регионите кои ги освојуваат. Експертот за Средниот Исток, Шади Хамид за ПБС изјави: „Тие нудат социјални услуги. Управуваат со локалната власт. Обезбедуваат минимално ниво на право и поредок“.
Фотографија: gebphotography - Fotolia.com
„ИД“ во однос на останатите терористички организации?
„ИД“ е активна во Сирија и Ирак, но нигериската терористичка организација Боко Харам неодамна ја изрази својата поддршка. Тоа е како натпревар во суровост: додека Боко Харам е одговорна за 13.000 смртни случаи, „ИД“ е одговорна за најмалку 24.000 повредени или убиени. Ал Каеда се дистанцираше од „ИД“, а една од нејзините фракции наречена Нусра Фронт се бори против „ИД“.
Фотографија: Getty Images/A. Katib
Кои се следбениците на „Исламска држава“?
Нешто по кое се разликува „ИД“ се нејзините следбеници. Повеќе од 20.000 странски борци се придружија на групата, од кои повеќе од 4.000 доаѓаат од западна Европа и северна Америка. На сликата се прикажани државите од каде што потекнувааат најголемиот дел на борците. Најголем број борци - споредено со вкупниот број на жители на земјите, доаѓаат од мали земји како Шведска и Белгија.
Што преземаат западните влади против „Исламска држава“?
Од август 2014 година, коалиција предводена од САД спроведува воздушни напади против цели на „ИД“ во Сирија (1.422 напади) и Ирак (2.242 напади). Некои влади исто така беа активни во рамките на нивните држави: Германија ќе процесуира најмалку 30 осомничени милитанти кои се вратиле од Сирија, додека Саудиска Арабија уапси 93 осомничени милитанти во април 2015 година.