1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забраната за дизел-возила во градовите е дозволена

ЕМФ /агенции
27 февруари 2018

Германските градови може да воведуваат забрана за дизел-возила, пресуди Сојузниот управен суд во Лајпциг.

Bundesverwaltungsgericht verhandelt über Diesel-Fahrverbote
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Willnow

Сојузниот управен суд во Лајпциг решаваше по барањето за ревизија доставено од покраините Баден Виртемберг и Северна Рајна Вестфалија против пресудите на управните судови во Штутгарт и Диселдорф. Двата суда, по тужбата поднесена од страна на Организацијата за заштита на животната средина и потрошувачите од Германска еколошка помош (ДУХ) против покраините Баден Виртемберг и Северна Рајна Вестфалија поради големо пречекорување на дозволените граници за загадување на воздухот, ги задолжија покраините да ги заострат своите планови против загадувањето на воздухот. Сојузниот управен суд сега одлучуваше околу тоа дали забрана за возење дизел-возила во градовите е правно исправна или не, односно дали градовите можат самостојно да одлучуваат за тоа или мора да постои правило на сојузно ниво.

Одлуката на судот гласи - забрана за дизел-возила во градовите е во основа дозволена. Градовите тужители, Диселдорф и Штутгарт, меѓутоа ќе мораат прво да проверат дали нивните планови за забрана на возење, за кои што се смета дека ќе придонесат за исполнување на пропишаните граници за загадување на воздухот, се сразмерни или не. Пресудата, освен тоа, предвидува и преодни рокови и воведување на забрана за возење „дизели“ во фази. Во Штутгарт нема да биде можно вовоедување забрана пред 1 септември 2018 година.

Еко-актовости со транспаренти пред Сојузниот урпавен суд во Лајпциг на кои пишува: „Доста со загадување“Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Willnow

Границите за загадување на воздухот во многу германски градови се пречекоруваат веќе со години. Притоа, станува збор за азотни оксиди кои се штетни по здравјето. Во градовите „три четвртини од азотните оксиди се предизвикани од дизел-возила", објаснува Хелмут Деди, раководител на Здружението на германски градови.

Европската комисија оцени дека досегашните напори на Германија за ограничување на загадувањето не се доволни и се закани со тужба пред Европскиот суд.

Повеќе:

Забрана за дизел-возила: Колку е виновна индустријата, толку и политиката

Помага ли бесплатниот јавен превоз во борбата против загадувањето на воздухот?

Во текот на изминатиот викенд беа обелоденети подготовките на Сојузното министерство за сообраќај за можни „забрани или ограничувања за возење на одредени правци“. Меѓутоа, тие се однесуваат само на многу оптоварените улици, а не на поголеми делови од центрите на градовите. Министерството за сообраќај соопшти дека останува на целта - избегнување на паушални забрани за возење.

#DE_facto: Колку ќе поевтинат германските дизели?

02:29

This browser does not support the video element.

Заштитниците на животната средина и Зелените бараат воведување „сина плакета“, со која во одредени делови на градовите ќе смеат да возат генерално само „чисти дизели“.

По соопштувањето на пресудата на Сојузниот управен суд веднаш паднаа акциите на германските автопроизводители. Акциите на Фолксваген паднаа за 1,6% на 162,82 евра. Дајмлер и БМВ загубија 0,3 односно 0,5 проценти.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми