1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забрана за невакцинираните деца во училиштата?

Фабијан Шмит
14 март 2019

Малите сипаници повторно се шират бидејќи родителите на ги носат децата на вакцинација. Но, доколку на невакцинираните деца им се забрани доаѓање на настава, тие ќе бидат двојно казнети, смета Фабијан Шмит.

Serbien | Grippewelle
Фотографија: J. Đukić-Pejić

Во изминативе недели има се повеќе извештаи за ширење на малите сипаници. УНИЦЕФ пренесува дека оваа заразна болест опасна по живот, се шири во повеќе од 100 земји. Особено тешко погодени се воените и кризните подрачја како Украина, Филипини, Бразил, но и Србија. Но, и во мирни региони како Мадагаскар во моментов се јавуваат епидемии. Се појавија случаи на болеста дури и во Нов Зеланд, а сега и во германскиот град Хилдесхајм.
А тоа не мораше да биде така, затоа што регуларната вакцина дава заштита за цел живот.
За жал, токму во развиените држави како Германија, тоа не е нешто што се подразбира само по себе. Некои родители имаат идеолошки резерви кон вакцинацијата. А актуелните закони им овозможуваат слободно да одлучуваат дали нивните деца ќе бидат вакцинирани или не.

Луксузна ароганција
Таквите луѓе себеси си дозволуваат луксузна ароганција. Бидејќи тие сметаат дека ним и на нивните деца ќе им користи токму тоа што остатокот од населението се вакцинира.
Тоа е суетно и егоистично и води до ситуации како онаа во Хилдесхајм, каде невакцинираните деца се исклучени од училиште или им е забранет влез во градинките.
На тој начин, возрасните кои се одговорни всушност двојно ги кршат човековите права на своите деца: правото на физичко здравје и правото на образование; најпрво затоа што инфекцијата со мали сипаници може да заврши со смрт, или може да има тешки последици по здравјето. Второ, затоа што децата кои не се вакцинирани се исклучени од социјалниот живот.
Сето тоа го овозможи парадоксалното законодавство кое сета одговорност им ја префрли- на лекарите. Бидејќи вакцинацијата важи за „телесна повреда“ која ја нанесува лекарот доколку самата вакцина предизвика телесно или ментално оштетување, доколку лекарот претходно не ги информирал родителите за ризиците.
Но, ако детето заболи од мали сипаници, лекарот исто така предизвикал телесна повреда бидејќи не го вакцинирал детето и можеби недоволно ги предупредувал родителите на мошните тешки последици од невакцинирањето.

Фабијан Шмит

Вакцинирањето- човеково право
Во целата ситуација, секако, страдаат пред сѐ децата кои не можат самите да се заштитат, но и лекарите кои пребрзо се обвинуваат дека не ги предупредиле родителите.
Тоа е хаотична ситуција која не им дава сигурност ни на лекарите, ниту на наставниците кои сакаат да избегнат зараза во своите училишта. Уште полошо: Тоа ги засилува критичарите на вакцинирањето со нивната ирационална идеологија. Тие, во аргументацијата „за“ или „против“ вакцинирање и онака го гледаат само делот во кој се и онака веќе убедени.
Против тоа е можно само едно решение: основна имунизација против најчестите и најопасни болести е човеко право. Дури ни родителите не смеат тоа да им го оневозможат на своите деца. Затоа општата обврска за вакцинирање за доброто на децата е заповед. А лекарите мора да бидат ослободени од одговорноста во случај вакцината да има лоши последици.
Доколку не оди поинаку, вакцинирањето треба да биде спроведувано во училиштата. А кои вакцинации мора да бидат обврзувачки- тоа е јасно: Сите кои се внесени во календарот на постојаната комисија за вакцинација.

Епидемија на сипаници

00:39

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми