1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мал чекор во тешки времиња за животната средина

13 август 2019

Германската министерка за животна средина Свења Шулце сака да ги забрани пластичните кеси. Тоа е добро. Но, глобалната политика за животна средина и климата е многу поважна, вели Јенс Турау.

Deutschland Symbolbild Plastiktüte
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow

Има ли навистина некој кој се спротивставува на забраната за пластични кеси? Веројатно само малкумина. Во овој поглед, германската министерка за животна средина има лесна игра кога сега се залага за забрана. Во последниве години, направени се обиди да се реши проблемот со доброволните ограничувања  од страна на синџирите на супермаркети. Во секој случај со успех. Но, бидејќи сега е опасно во мода да се освојуваат бодови со енергични чекори во политиката за животна средина и за климата, Свења Шулце не сака да стои на страна.

Што ќе рече - ништо против забраната! Но, треба да се знае дека само мал дел од германскиот пластичен отпад отпаѓа на кесите. И многу мерки против планините од пластичен отпад веќе се усвоени од страна на Европската унија а Германија ги спроведува само оти тоа и е обврска. Како и да е: Германија кога станува збор за забраната на пластични кеси далеку заостанува. На пример, многу земји во Африка, вклучително и во Азија, го спроведоа ова одамна.

Пред решавачките чекори

Но: Има доста придвижење во политиката за животната средина и климата во Германија: Во септември (да се надеваме) конечно треба да биде утврдено какви навистина драстични чекори ќе преземе Германија во борбата против издувните гасови кои го предизвикуваат ефектот на „стаклена градина“. Некаков вид  цена за СО2 во секој случај ќе има. Грубо кажано, линијата минува меѓу старите механизми на конзервативците („субвенции за поеколошки процеси“) и една поконкретна политика што понекогаш размислува за забрани, како сега со пластичните кеси.

Јенс Турау, автор на коментарот

Дилемата на политиката за животна средина и клима ширум светот е дека многу, во суштина сите значајни проблеми  како издувните гасови или пластиката - можат да се решат само на меѓународно ниво. Политичарите западнаа под притисок на бунтовната младина, која со право вели дека денешната генерација на родители ги негирала проблемите премногу долго.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Забрана за употреба на пластични кеси во Германија?

-Колку пластичниот отпад е опасен за луѓето?

-ЕУ во борба против пластиката

 

Сега се тоа се одразува на сите полиња: Морињата се задушуваат во пластика, експертите проценуваат дека во 2050 година во океаните ќе пливаат помалку риби отколку пластичен отпад. Климатските промени стануваат сѐ понемилосрдни и веќе одамна може да се почувствуваат и во богатиот Запад, а не само во Африка.

Но,  тајмингот да се дојде до меѓународни решенија за сите овие проблеми, е многу лош. Сè повеќе земји ги водат националистички, десничарско-популистички влади, кои имаат меѓу другото имаат едно заедничко нешто: еколошките проблеми за овие политичари се луксузни теми на старите, омразени елити. И не мора да се сфаќаат сериозно. Погледнете ги Италија, Бразил, или САД.

Кој ќе се пробие?

Сето ќе зависи од тоа кои сили ќе се пробијат со својот став:  Демократите, кои веруваат дека сега треба конечно да се решат итните проблеми, кои со години се предмет на многу поплаки. И  на луѓето јасно да им се стави до знаење дека решенијата ќе влијаат на сите:  на бизнисот, на политиката, на граѓани. Или другите, кои се потпираат на уништување на воспоставените поредоци и очигледно се забавуваат со помислата конечно да го запалат светот во оган или да го задушат во отпад. Но, се чини дека младите  повеќе надежи полагаат во првата група. И - барем во моментов и во Германија - веќе постигнаа нешто.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми