На прес-конференција американскиот претседател влезе во кавга со Џим Акоста, по што новинарот ја загуби акредитацијата односно дозволата за влез во Белата куќа.
Реклама
Портпаролката на Трамп, Сара Сандерс целосно ја оправда постапката кон новинарот, обвинувајќи го Акоста за апсолутно неприфатливо однесување. Трамп претходно, поради неговите упорни прашања, репортерот на СиЕнЕн го нарече „бесрамна, страшна личност“ и „непријател на народот“.
Кавгата започна на прес конференција кога Акоста му постави прашање на Трамп во врска со неговите вербални напади кон централноамериканските бегалци кои се на пат кон САД. Прашањето на Акоста беше дали Трамп намерно ги оцрнуваше ијладниците мигранти во екот на изборната кампања, на што претседателот прво одговори заобиколно: „Не, не сакам да стигнат во земјата, треба да постои легален начин“.
Акоста инсистираше дали е соодветна употребата на терминот „инвазија“ по што на Трамп „му пукна филмот“: „Искрено, треба да ме оставите да ја раководам земјата, вие работите во СиЕнЕн, а ако бевте добри, ќе имавте подобри квоти на гледаност“. Потоа Трамп го пресече обидот на Акоста да постави дополнително прашање: „Доста е, седете“. Службеничка од Белата куќа се обиде да му го одземе микрофонот на Акоста, но неуспешно, по што тој успеа да му постави на Трамп прашање и за истрагата за улогата на Русија во претседателските избори.
Трамп тогаш премина во остар напад: СиЕнЕн мора да се срами што има такви соработници.
Според портпаролката Сандерс, Доналд Трамп верува во слобода на печатот и поздравува „тврди прашања“, но таа дополни: „Ние нема да толерираме репортер да допира млада соработничка на Белата куќа“, алудирајќи на допирот при обидот да му се одземе микрофонот на Акоста. Новинарот на СиЕнЕн ги отфрли ваквите инсинуации како чиста лага, а телевизиската куќа застана во негова одбрана, осудувајќи го одземањето на акредитацијата на Акоста како непримерно и закана за демократијата.
Американскиот претседател редовно ги напаѓа критичките кон него медиуми за ширење лажни вести, не воздржувајќи се од лични навреди кон новинарите.
Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Фотографија: L. Gäbel
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фотографија: L. Gäbel
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Фотографија: Twitter/@Knightcartoons
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Фотографија: DW/Abdulkareem Baba Aminu
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Фотографија: Twitter/@ygreck
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Фотографија: Twitter/@lectrr
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.
Фотографија: picture-alliance/abaca/Van Tine Dennis