Научници ширум светот се во потрага по вакцина против коронавирус. На листата на СЗО се 160 потенцијални вакцини. Кој ќе победи во трката, уште е неизвесно. Три тима веќе започнаа опсежни, завршни студии.
Реклама
Листата на Светската здравствена организација постојано се зголемува и се дополнува со нови потенцијални вакцини против коронавирус. Во меѓувреме, научниците ширум светот истражуваат преку 160 можни вакцини. 23 експериментални вакцини веќе им се вбризгани на доброволци. Сепак, кој ќе ја добие трката и пред сѐ, колку брзо?
Кој од кандидатите за пронаоѓање вакцина ќе се пробие, моментно е непредвидливо, вели Клаус Иберла. Тој е виролог на Универзитетската клиника Ерланген и член на Постојаната комисија за вакцини (СТИКО), член на експертското тело кое работи на предлози за вакцини за Германија.
Три проекти во завршна фаза
Но, веќе најмалку три проекти, еден од Велика Британија и два од Кина, ja започнаа третата фаза на студиите. „Тоа е веќе последен чекор на клиничко тестирање", објаснува Улрике Протцер, професорка на Техничкиот универзитет Минхен, која истражува вакцини против различни вируси. Но, овој чекор е најсложен и најскап и трае најдолго- обично две години, вели Протцер. Моментно се прават обиди процесот да се забрза, со паралелно вклучување на што поголем број пробанди.
Вакцина за коронавирусот се тестира и во Африка
01:09
Тимот од Оксфорд бележи големо напредување
Истражувачите од Оксфорд во соработка со фармацевтската компанија АстраЗенека во мај и јуни први во светот започнаа трета фаза на студијата. Во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил треба да биде испитано на неколку илјади доброволци колкава е ефикасноста на имунизирачкото средство. Планирана е уште една дополнителна студија со околу 30.000 испитаници во САД и други земји. „Се надеваме дека наесен ќе имаме резултати од големите студии", изјави за НДР портпаролка на АстраЗенека.
Кинеската компанија Синовак започна големо испитување од трета фаза во Бразил, каде вирусот во последно време нагло се шири. За да се утврди дали вакцината на Синовак штити од инфекција, би требало да биде испробана на луѓе кои се посебно загрозени: околу 9.000 вработени во 12 здравствени установи специјализирани за третман на пациенти заразени со коронавирус.
Третиот кандидат кој се наоѓа во последна фаза, е кинеското државно претпријатие Синофарм. Во средината на јуни тоа започна студија во Обединетите Арапски Емирати, каде треба да се вакцинираат 15.000 доброволци.
Какви промени носи коронавирусот во производството на храна
Рестрикциите поради Ковид-19 пореметија бројни животно важни сектори, па и земјоделството. Пандемијата може да ги промени прехранбените синџири, од индустриско одгледување животни до пораст на урбано градинарство.
Фотографија: DW/K. Makoye
Откажување од масовно одгледување животни
Иако научниците не се сигурни како настанал Ковид-19, се смета дека последните вирусни закани предизвикани од свинскиот и птичјиот грип, својот зачеток го имале во големите фарми за свињи и кокошки. Со оглед дека постои корелација меѓу индустриското одгледување животни на тесен простор и ризикот од пандемија, можеби е време да се поразмисли околу индустриското одгледување животни.
Фотографија: picture alliance/Augenklick/Kunz
Месната индустрија во фокусот
Пандемијата ги рефлектираше и лошите услови во месната преработувачка индустрија. Во Германија постојат повеќе жаришта на коронавирус меѓу работниците во индустријата за месо, па дури повторно во карантин се ставени и два окрузи, откако преку 1550 вработени во кланицата „Тенис“ се инфицираа со коронавирус. Во целата бранша расте повикот за подобра регулатива.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Thissen
Затворање фарми за диви животни
Експертите претоставуваат дека коронавирусот веројатно потекнува од диви животни продавани на рибен пазар во Вухан во Кина. По избувнувањето на пандемијата, Кина ја ограничи трговијата со диви животни и затвори речиси 20.000 фарми на кои тие се одгледуваа. Одделни кинески провинции на сопствениците им нудат државна помош во преориентација кон одгледување на растенија или свињи и кокошки.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Bernetti
Поотпорен сектор
Пандемијата предизвика индустријата, креирана за исхрана на глобалниот свет, во одделни случаи да се редуцира на локално ниво. Земјоделците мора да размислат како да се прилагодат на новата и несигурна иднина – од непречен пристап кон храна за животните до недостиг од работна сила.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Процут на урбаната агрикултура
Сѐ повеќе луѓе се принудени да поминат повеќе време дома, па се обидуваат да си произведат храна за себе. Долгорочно, тоа може да биде позитивен развој. Бидејќи до 2050 година две третини од светското население ќе живее во градовите, градското земјоделство е сѐ поважно, тоа штеди фосилна енергија за транспорт и нема толкава потреба од површини како конвенционалното земјоделство.
Фотографија: Imago/UIG
Да ѝ се врати земјата на природата
Светското население на планетава веројатно до 2050 година ќе достигне 10 милијарди луѓе, што го прави неизбежен фактот дека производството на храна мора да се зголеми. Додека некогаш излез се гледаше во освојување нови земјоделски површини, сега решение се бара во посилна концентрација врз урбаното земјоделство и свест за последиците од интервенцијата во природата.
Фотографија: Kate Evans / Center for International Forestry Research (CIFOR)
Преориентација кон растителна исхрана
Со развојот на свеста за потенцијалната здравствена цена на пазарот на месо, Кина бележи зголемен интерес за производство на растителни продукти. Западот во последните години веќе доживеа тренд на вртење на луѓето кон растителна исхрана, кој веројатно ќе продолжи, зашто потрошувачите водат сѐ повеќе сметка за потеклото на месните продукти.
Зголемена сигурност за обезбедување храна во земјите во развој
Пандемијата на Ковид-19 силно ќе ги погоди земјите во развој, посебно во областа на обезбедување храна. ОН веќе предупредија од „глад од библиски размери“, поради намалување на ресурсите. Покрај итната помош, за сузбивање на гладот долгорочно е потребна подобра заштита во земјоделството, одгледување поразновидни наместо монокултури и посилна поддршка за загрозените ситни земјоделци.
Фотографија: DW/K. Makoye
8 фотографии1 | 8
Индискиот Совет за истражување инсистира на забрзување
Во ударните вести неодамна стигна истражување за вакцина во Индија. Таму на почетокот на јули протече во јавноста писмо од директорот на Индискиот совет за медицински истражувања (), упатено до клиниките во кои требало да бидат вакцинирани доброволци во рамки на први студии. Директорот инсистира на итна акција. Предвидено е вакцината, по завршувањето на сите студии, најдоцна на 15 август да биде на пазарот, се наведува во писмото.
Научниците остро го критикуваат ова. Индиската Академија на науки напиша дека е неможно спроведување на овој план без повреда на научните стандарди. ИЦМР во едно соопштение наведе дека постои придржување кон нормите и дека директорот само повикал на спречување на непотребна бирократија и забрзување на регрутирањето на лица за тестирање.
Како да не им дадете шанса на вирусите и бактериите во кујната?
Во време на пандемија на коронавирусот особено важна е хигиената, не само личната. Редовното и правилно миење раце е главната „заповед“ за личната хигиена но постојат и златни правила за хигиена во кујната.
Фотографија: Johanna Schmeller
Слушајте ја мајка ви!
Уште од мали научивме: рацете мора задолжително да се мијат пред јадење. Истото важи и за готвењето. Дури и повнимателно, затоа што кога готвиме, можеме да ја загадиме храната со бактерии, која потоа сите ќе ја јадат. Правилното миење на рацете трае најмалку 30 секунди. Насапунети треба да бидат ноктите како и наборите меѓу прстите.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Само еднаш не е доволно
Задолжително мијте ги рацете не само пред да започнете со готвењето, туку и во текот на целиот процес. Особено ако сте допреле сурово месо, риба, јајца или отпадоци. Бидејќи сите тие се носители на бактерии кои не треба да се шират на другите производи. Особено на суровата храна, како што се салатите или доматите.
Фотографија: dapd
Одделно месо, одделно зеленчук
За да се избегне контаминација меѓу различните производи, за животинските производи не треба да се користат исти алатки како за другите производи. Ова е особено важно за ножевите и за даските за сечење. Најдобро е да имате специјална даска и специјален нож само за сурово месо. Инаку, пред да ги користите за сечење на зеленчук, даската и ножот треба да се измијат со детергент и со топла вода.
Бактериите се минијатурни. Она што нам ни изгледа како гребаница е огромна шведска маса за салмонелата. Изгребаните кујнски даски многу тешко се мијат. Значи, ако даската е веќе премногу изгребана - подобро да купите нова.
За нас драскотина, за бактериите - вселена
Фотографија: picture-alliance/L. Halbauer
Менувајте ги почесто!
Кујнските крпи, сунѓери и четки се омилено засолниште за бактериитеи вирусите. Затоа, по секоја употреба, тие треба да се исплакнат со врела вода, а потоа да се исушат. Кујнски сунѓери и крпи не треба да се користат повеќе од неколку дена. Потоа треба да ги замените или да ги ставите во машината за перење на 70 степени.
За крпите истото важи како и за сунѓерите: по употребата тие треба да се исушат и да се заменат најмалку еднаш неделно. Со овие крпи, во никој случај не треба да сушите сурово месо или да ги бришете остатоците од протеини - за оваа намена користете хартиени крпи и потоа веднаш фрлете ги.
Фотографија: picture alliance/chromorange/B. Türk
Во ладно. И во кутии.
На температура под 7 Целзиусови степени, повеќето микроорганизми или не се репродуцираат или го прават тоа многу бавно. Затоа храната која брзо се расипува како месо, риба или јајца треба да се чуваат во најстудениот дел во фрижидерот - обично во кутиите на дното. Многу е важно редовно да се мие внатре фрижидерот, бидејќи во спротивно ќе се појават цели колонии бактерии.
Фотографија: Colourbox
Жешко!
Безбеден начин да се уништат вирусите и бактериите е високата температура. Затоа месото, рибата и јајцата секогаш треба да бидат добро термички обработени. Што значи дека внатрешноста на овие намирници треба да се загрева на најмалку 70 степени и најмалку 2 минути. Салатите, зеленчукот и овошјето кои се јадат свежи мораат да бидат добро измиени. И само тогаш можеме да посакаме: Добар апетит!
Во Германија моментно се тестираат две можни вакцини на првите испитаници. Фирмата Кјуревак (Curevac) неодамна започна прва фаза на студијата. Планирано е вакцина да добијат 168 доброволци во Тибинген, Минхен, Хановер и белгискиот Гент, а наесен фирмата планира да започне со следната фаза на студијата.
Нешто подалеку е отидена фирмата Бајонтех (Biontech) од Мајнц. Во април претпријатиет доби одобрение од надлежните власти да тестира вакцина во Германија. Заедно со компанијата Pfizer освен тоа е започнато истражување во САД, во кое е планирано учество на 8.000 лица. Во завршната фаза, вакцината треба да биде тестирана во студија со 30.000 доброволци. Тестирањето би можело да започне уште на крајот на јули во САД и во Европа, потврди Бајонтех за НДР.
Научниците од Германскиот центар за истражување на инфекции (ДЗИФ) уште не се толку напреднати. Тие моментно планираат наесен да ги тестираат првите доброволци. За разлика од најбрзите проекти, тие заостануваат половина година, вели Мерилин Адо, инфектолог на Универзитетската клиника Хамбург Епендорф. Таа работи заеднички со научниците од Универзитетот Марбург и Минхен на проектот на ДЗИФ.
Тешки прогнози
Но, многу е тешко вистински да се предвиди кога ќе биде одобрена првата вакцина и кога ќе биде можно да им биде на располагање на што е можно поголем број луѓе, вели Адо. Таа смета дека групата истражувачи во Оксфорд е далеку напредната, како и американската компанија Модерна, која најави започнување на третата, завршна студија во јули. И германските фирми Кјуревак и Бајонтех се, како што вели, во напредната фаза. Она што се случува во Кина и во Русија од друга страна е тешко да се предвиди. Некои проекти навистина не се транспарентни, истакнува Адо.
Се надеваме дека до крајот на 2021 година ќе ги имаме првите вакцини, вели професорката Протцер, но, уште се можни проблеми. Нејасно е на пример колку се делотворни средствата кои досега се тестирани во рана фаза, иако имунолошкиот систем на испитаниците реагира, вели таа. Процер предупредува дека е можно да се случи „да создаваме антитела или клетки кои воопшто не нѐ штитат, туку само ја слабеат болеста или воопшто не делуваат".
Кои животни го пренесуваат коронавирусот?
Неодамнешна студија открива дека мачките можат да бидат заразени со Ковид-19, и можат да им го пренесуваат вирусот на други животни- во лабораторски услови. Кај другите домашни животни, ризикот е помал.
Фотографија: picture-alliance/F. Herrmann
Да се галат или не?
Истражувачите на Ветеринарниот институт Харбин во Кина открија дека коронавирусот може да се пренесува меѓу мачки. Домашните мачки исто така можат да го пренесуваат вирусот натаму на други животни, но тоа не е лесно, вели Хуалан Чен, водечки истражувач во студијата која беше објавена во журналот "bioRxiv" на 31 март годинава.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K-W. Friedrich
Без грижа
Но нема потреба од паника меѓу сопствениците на мачки, затоа што тие не се заразни долго време. Сепак, сопствениците на мачки со хронични болести, или постарите, треба привремено да ги ограничат контактите доколку мачките слободно го напуштаат домот. Здравите луѓе треба да ги мијат рацете откако ќе ги погалат.
Фотографија: picture-alliance/imageBroker
Кучињата се безбедни
За разлика од мачките, вирусот не може лесно да се реплицира кај кучињата, тврдат истражувачите. Оттука, слободно шетајте го и негувајте го вашиот пес.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Кој кого заразува?
Оваа домашна свиња која шета низ улиците на Рим не треба да се плаши од кучиња. А и кучето нема потреба да стравува од својот забрефтан ривал. Ветерираните тврдат дека свињите не се сметаат за природен резервоар за коронавирусот.
Фотографија: Reuters/A. Lingria
Карантин за ласиците
Кај овие цицачи од групата Мустилида состојбата е поинаква. Хуалан Чен ги истражувал и ласиците и утврдил дека и тие го шират Ковид-19, исто како и мачките. Ширењето меѓу животните се случува преку респираторни капки. Истражувачите го пронашле вирусот во брисеви земени од грлото и носот на ласиците, но не откриле инфекција на белите дробови.
Научниците велат дека нема никаква опасност за одгледувачите на живина, како овој трговец во Вухан, Кина, каде беше откриен првиот случај на коронавирусот. Луѓето немаат за што да се грижат затоа што кокошките се практично имуни на Ковид-19, како и патките и другите слични видови.
Фотографија: Getty Images/China Photos
Кога луѓето се опасност за животните
Луѓето можат да се заразат од животни, но се случува и обратното. Четиригодишната малајска тигрица Надја од Зоолошката градина во Њујорк имаше позитивен тест на коронавирусот „Ова е првпат диво животно да се зарази од Ковид-19 од човек“, изјави главниот ветеринар на Зоолошката Пол Кале.
Фотографија: Reuters/WCS
Дали лилјаците се неправедно обвинети?
Лилјаците се сметаат за најверојатно преносници на Ковид-19, но ветеринарите веруваат дека во декември 2019 некое друго животно се јавило во Вухан како посредник меѓу нив и луѓето. Можеби ласиците или мачките?
Панголините се под сомнеж дека го пренесуваат вирусот. Истражувачи од Хонг Конг, Кина и Австралија го откриле вирусот во малезискиот панголин кој имал големи сличности со оној забележан кај човекот.
Фотографија: Reuters/Kham
9 фотографии1 | 9
Здруженијата на фармацевти очекуваат долготраен процес
Сепак, радува фактот што постои мноштво проекти, па така може да се очекува на крај дека би биле успешни повеќе супстанции од различни видови, смета Зигфрид Тром од Здружението на фармацевти. Тоа е важно и поради тоа што веројатно ќе ни требаат различни вакцини во зависност дали ќе се врши имунизирање на стари или млади лица, вели тој. Освен тоа, уште не се знае колку долго ќе трае ефектот на вакцината, дали се можеби потребни повеќекратни дози.
Во секој случај, ќе трае долго додека да можат сите да бидат вакцинирани, истакнува Тром. „Брза, широка опфатеност на населението и апсолутно враќање во нормална состојба како пред пандемијата најверојатно нема да бидат можни во наредните години", вели тој.