Заврши воената служба на принцот Хари во Авганистан
1 март 2008Британските медиуми строго се придржуваа до договорот со британската влада да го држат во тајност ангажманот на синот на принцот Чарлс и принцезата Дијана на бробената линија во Авганистан. Меѓутоа американскиот веб сајт Драџ рипортс специјализиран за вакви откритија, го прекрши овој договор и по десет недели, тајната за принцот Хари на фронтот во авганистанската провинција Хелманд беше откриена.
Пофалби за Принцот Хари
Британската армија реагираше веднаш и нареди предвремено повлекување на принцот од Авганистан во интерес на неговата и безбедноста на неговите соборци. Премиерот Гордон Браун пак беше полн со пофалби:„Целата земја му должи благодарност на принцот Хари за неговата служба и храброст“ Министерот за одбрана Дес Брауни пак дополни:„Тој е пример за цела генерација млади луѓе.“
Но и обичните луѓе искажуваат почит за третиот во редот за престолонаследник на британскиот трон;
„Тоа е добро за моралот на трупите но и за целата земја“
Принцот Хари пак скромно во телевизиско интервју порача:
„Сите мои желби се остварија. Отсекогаш се надевам дека ќе дојдам на фронтот. Извонредно, за момент да бидеш нормален човек. Подобро можност за тоа нема веќе никогаш да добијам“