1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Заврши ДНК анализата на роднините во Скопје

ДТЗ
25 ноември 2021

Институтот за Судска медицина во Скопје ја заврши постапката за земање биолошки материјали од роднините на загинатите во Бугарија, со цел да се помогне во нивната идентификација

Busunglück in Bulgarien
Фотографија: Valentina Petrova/dpa/AP/picture alliance

Институтот за Судска медицина во Скопје ја заврши постапката за земање биолошки материјал од роднините, со цел да се помогне во идентификацијата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Резултатите добиени до ДНК анализата утре ќе им бидат предадени на бугарските истражни органи, коишто треба да пристигнат во Скопје. Најавено е дека во земјата треба да допатуваат главниот обвинител Иван Гешев и истражител од Бугарија. 

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, кој изминативе денови беше во Бугарија, за ДВ вели дека е при крај и обдукцијата на телата која што ја вршат бугарските колеги. По денешните сомнежи кои што ги изнесоа бугарските истражители дека во автобусот се пронајдени 44, а не 45 загинати лица, Станков вели дека дури откако ќе заврши споредбата на примероците од ДНК анализата, ќе може да се утврди точниот број на настрадани лица

„Направени се 44 обдукции, но има и остатоци од тела коишто ќе се поврзат со ДНК анализата“, вели Станков. 

Трагедија на автопатот „Струма“

03:41

This browser does not support the video element.

Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева и бугарскиот заменик-јавен обвинител, Борислав Сарафов, денеска тврдеа дека  на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Милева пред бројните бугарски и македонски медиуми сподели дека се сретнала со еден од преживеаните кој и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и дека спасил осуммина, а не седум лица, како што досега се тврдеше. 

Претпоставките се дека или сведокот направил грешка, или патниците се префрлале од еден во друг автобус, па можно е во возилото да имало еден патник помалку. Тие најавија проверки на граничните премини, со цел да се утврди колкумина влегле, и колкава бројка на патници ја напуштиле земјата. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми