1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши конгресот на ЦДУ: партијата сака во 2006-та година да го преземе кормилото на власта

8 декември 2004

Од дводневниот конгрес на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) требаше да бидат упатени сигнали за сплотеност на сопствените редови, за готовност за реформи во цела Германија, секако и за канцеларска кандидатура на претседателот на партијата Ангела Меркел, и сосем сигурно за претстојните избори за покраинските парламенти на Шлезвиг-Холштајн и на Северна Рајна Вестфалија. Сигналите, сепак, испаднаа пос

Ангела Меркел и Едмунд Штојбер на конгресот во Диселдорф
Ангела Меркел и Едмунд Штојбер на конгресот во ДиселдорфФотографија: AP

лаби отколку што посакуваа во партијата.

Реизборот на Меркел како претседател на партијата, со оглед на најслабиот нејзин резултат досега, не донесе и предвремен одговор на прашањето кој ќе биде кандидат на опозиционите партии на Унијата за канцелар на Германија, туку побргу беше кочница за неа. Но тоа не е изненадување по повеќемесечниот спор со баварската сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), околу политиката во здравството, како и повлекувањето на експертот за финансии и заменик-шеф на фракцијата на ЦДУ во Бундестагот Фридрих Мерц.

Меркел во речиси двочасовниот говор ги потврди познатите позиции на ЦДУ во внатрешната, економската и надворешната политика и ја искритикува владата. Конгресот и‘ даде поддршка усвојувајќи ги нејзините предлози за здравствена и голема даночна реформа и за слабеење на заштитата од отказ. Делегатите ги поддржаа и ставовите во однос на странците во Германија – тие мора да се ориентираат на овдешната “слободарско-демократска водечка култура”, задолжително да учествуваат на курсови за интеграција и учење на германскиот јазик, исламската верска настава да биде на германски јазик под државен надзор, забрана за влез во Германија за исламски проповедници на омраза.

Во иста тиква дуваше и претседателот на ЦСУ Едмунд Штојбер, кој во традиционалниот поздравен говор и‘ префрли на владината коалиција за неуспех на сите фронтови, а ја нагласи добрата програмска и персонална поставеност на партиите на унијата: “Од финансии, преку политика на пазарот на работна сила до социјалната сигурност – кај нас се‘ е усогласено. Ние имаме јасна линија, нудиме јасна перспектива. Нашата цел е јасна: ние сакаме да управуваме со Германија. Ние сме способни за акција. Ние сакаме да ја преземеме владата”.

ЦДУ на конгресот во Диселдорф во едно не остави никакви сомневања: партијата сака во 2006-та година да го преземе кормилото во федерацијата, и смета дека во тој поглед ја извршила домашната работа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми