1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши конференцијата на ОН во Кобе

23 јануари 2005

Четири недели по катстраофата во Јужна Азија, меѓународната заедница вчера во Кобе усвои акционен план за подобра заштита од природни несреќи.

Координаторот за помошта на Обединетите нации Јан Егеланд изјави дека катастрофата во Јужна Азија беше знак за будење. Делегатите од преку 150 држави се договорија за различни методи, меѓу другото и за брза изградба на предупредувачки систем за цунами за Индискиот Океан. Со повик за предупредување против природните катастрофи, во Кобе заврши петтдневната конференција на Обединетите нации на која беше усвоен акционен план за наредните десет години кој треба да помогне за намалување на последиците од такви непогоди. Со планот се повикуваат владите на сите земји за техничка соработа и изработка на мапи за опасните подрачја. Меѓутоа, не се успеа во напорот планот да има обврзувачки карактер. Затоа критичарите им префрлуваат на учесниците на конференцијата дека не постигнаа конкретни мерки. Нема ниту точен рок за нив, ниту процес на проверка за спроведување на мерките, ниту пак финансиски обврски. И покрај тоа, координаторот за помош на Обединетите нации Јан Егеланд изрази оптимизам. Тој подвлече дека усвоениот план претставува силна морална обврска за државите и организациите.Во врска со половичниот успех, директорот на стартегиската програма за предупредување од катастрофи на Обединетите нации Силвано Брикено во интервју за ЦНН изјави дека сепак ќе има прва краткорочна помош:

“Се договоривме на состанок веднаш по конференцијата да воспоставиме систем кој ќе стартува за помалку од еден месец, имено за поставување сензори на брегот на Индија и на исток од Индискиот океан, на островите Андами и Никобари. Тие веднаш ќе проработат и ќе пренесуваат информации до меѓувладината океанографска комисија на УНЕСКО. Тоа ќе оди многу бргу. Она што ни е потребно е целосен систем, но тоа не е толку ургентно“.

Шефот на германската делегација Ханс Јоахим Даер акциониот план го нарече многу детален и ќе треба да се спроведува чекор по чекор. Меѓутоа, експертите се согласни дека систем за предупредување од цунами во Индискиот океан мора бргу да се изгради. Според нив, потребни се една до една ипол година, а деталите ќе бидат разјаснети на наредните конференции.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми