Заврши олимпијадата во Атина
30 август 2004Претседателката на организациониот одбор на Олимписките игри во атина Јана Ангелопулос Даскалаки прва им се обрати на присутните со зборовите:“Олимписките игри дојдоа дома и му покажавме на светот колку големи работи можат да направат Грците“:
“Да им заблагодариме на сите спортисти“.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог ги пртогласи игрите за авршени со зборовите:
“Овие игри беа незаборавни игри од соништата“, и соопшти:
“Ги прогласувам 28-те олимписки игри за забршени и ги повикувам младите во светот да се соберат по четири години во Пекинг за да прославиме таму 29-тите олимписки игри“.
Претходно Олимпиското знаме му беше предадено на градоначалникот на Пекинг Ванг Кисан. Во 21 часот и 48 минути беше изгасен олимпискиот огин.
Централниот мотив на свеченоста беше грчката селска жетвена веселба со алузија на жетвата на златни медали за време на игрите. Прикажан е и осумминутен филм "кинески спектакл", како најава за наредните, а потоа на теренот излегоа и кинески артисти. Додека беше симнувано олимпиското знаме беше интонирана и олимписката химна.
За цело време на манифестацијата настапуваа познати пејачи од грчката естрада.