Заврши саемот Ануга
17 октомври 2007
Сосема очигледно беше дека прозиводителите сакаат да ја обединат желбата на потрошувачите за здрава, но вкусна храна. Сабине Ајхнер-Лисбоа, од германскиот сојуз на прехранбената индустрија:
„Здравата исхрана не е безусловно поврзана со прашањето на куповната моќ. И оние домаќинства што располагаат со помали приходи имаат добри можности да се снабдат со вистинските производи, ако го сакаат тоа„.
Сепак, една студија објавена неодамна, покажа дека комбинацијата здрава храна и добар вкус можат да си ја дозволат оние со подлабок џеб. Трендот е јасен: станува збор за производи од повисок ранг. Томас Бахл од друштвото за истражување на потрошувачката во Нирнберг:
„Позитивно е што потрошувачите се подготвени да платат повеќе за високо-квалитетни прехранбени продукти. И тоа е дел од порастот што го забележуваме„.
Прометот на прехранбени производи во последнава година порасна за 1,8 насто. Скоро 13 милиони Германци велат дека би купувале здрава храна, но тоа го прави само секој трет, што е поврзано и со фактот дека квалитени производи има само во малопродажбата и во специјализираните продавници. Токму на тој план се очекуваат подобрувања.